• Latest

Вирусна предизборна кампања

February 27, 2020
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вирусна предизборна кампања

February 27, 2020 17:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Како се доближува датумот за избори, така се заострува и кампањата. Не се бираат средства, апсолутно се користи секоја ситуација да се нападне политичкиот противник. Дел од препукувањата стана дури и корона вирусот, откорнатите покриви на училишта или фасади од проектот „Скопје 2014“ (кои на социјалните мрежи се шират дезинформации дека тоа е поради неспособноста на оваа власт), а вистината всушност, е дека тие градби, кои ги однесе силниот ветер, се направени во времето на владеењето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

СДСМ и Движењето БЕСА денеска го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на изборите. Лидерите на СДСМ и БЕСА, Зоран Заев и Биљал Касами потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

– Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделба заминува во историјата. Денес, моноетничкиот концепт, кога партиите се обраќаат само на своите или само на етничкиот кампус е поразен… Движењето БЕСА е првата албанска партија, која го надмина амортизираниот концепт – етничките гласови да се употребуваат како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалиции, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по официјализирањето на предизборната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА за претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април.

Лидерот на СДСМ истакна дека во семејството на полноправни членки на ЕУ и НАТО се влегува со дела и визија и додаде дека на изборите во 2016 година СДСМ била првата македонска партија, која со своите принципи привлече десетици илјади албански гласови.

На потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со СДСМ, лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами гледа како на историски чин и ги повика гласачите да ја поддржат коалицијата којашто ќе овозможи членство во ЕУ и НАТО алијансата.

– Ова е историски ден. Очекувам албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат членови на владејачката коалиција. Оваа коалиција е продолжение на возот за НАТО и членството во Европската унија, рече Касами, шеф на движењето БЕСА по потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со СДСМ.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека за претстојните предвремени парламентарни избори во коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат политичките партии кои беа дел од неа, како и дека преговараат со други политички партии кои се заинтересирани да бидат дел од коалицијата. Тој додаде дека мали се шансите за предизборна коалиција со некоја од албанските партии, како што тоа го направија СДСМ и БЕСА.

– Па, во моментов мали се шансите да има такво нешто предизборно, а постизборно рековме да почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“ со народот, а потоа доколку на политичка и проектна основа имаме какво било коалицирање со кој било политички субјект, тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција, рече Мицкоски.

Тој додаде дека најсреќни би биле од СДСМ да го користат корона вирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира.

А и од партијата на Мицкоски не ја пропуштија можноста за партиска кампања, односно да ја критикуваат власта предводена од СДСМ и во овие денови кога цел свет се бори со корона вирусот, истакнувајќи дека „министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос. Во оваа неорганизираност едно е јасно, од 12 април граѓаните ќе видат што е навремена и соодветна здравствена услуга“!

Додека пак ДУИ донесе одлука за редуцирање на партиските активности во неопределен период поради спречување на ширење на корона вирусот, извести портпаролот Бујар Османи.

Но, истовремено, државните функционери на оваа партија, министерот за образование и заменик министерот за здравство, одржаа прес конференција за активностите на државните институцуи, за справување со корона вирусот, од партиската говорница на ДУИ.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ