• Latest

Вистиномер: Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

December 3, 2021

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

December 3, 2021 20:22
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Ентони Фаучи и неговите колеги напишале труд во 2008 година, во којшто се утврдува дека жртвите на шпанскиот грип од 1918 година починале од бактериска пневмонија предизвикана од грип. Но, во трудот маските воопшто не се споменуваат, ниту, пак, некаде пишува дека тие се извор за бактериска пневмонија. Маските спречуваат ширење на вируси и никако не може да предизвикуваат бактериски пневмонија. Од Светската здравствена организација препорачуваат носењето маска да биде нормален дел од дружењето со други луѓе. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести маските се бариера којашто спречува вашите респираторни капки да стигнат до други лица, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Корисник на социјалните мрежи објави пост и фотографија во коментар на истиот пост, со кои погрешно се тврди дека за време на пандемијата на Шпанскиот грип во 1918 година луѓето умреле од бактериска пневмонија предизвикана од маски. Во објавата исто така се тврди и дека д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) и клучен член на работната група за коронавирус во Белата куќа, го знаел ова и го напишал во 2008 година. Ова не е точно.

ЗА ВАС ШТО НОСИТЕ МАСКА СО ЌЕФ

Фаучи знаел дека 30 милиони луѓе умреле од бактериска пневмонија, предизвикана од носење маски….

Луѓето биле уценувани,или маска или затвор.

….сликата во коментар ќе ја ставам,

оти овде ќе ја блокираат, се вели во постот.

Д-р Ентони Фаучи и неговите колеги навистина напишале труд во 2008 година во којшто се утврдува дека жртвите на шпанскиот грип од 1918 година починале од бактериска пневмонија предизвикана од грип.

Во трудот маските никаде не се спомнати, ниту како извор на пневмонијата, како што се тврди во објавата, ниту во кој било друг контекст. Оваа тврдење е дебанкирано и од сервисот за проверка на факти на „Јуес Тудеј“.

Фаучи и двајцата колеги – Др. Дејвид Моренс и Џефери Таубенбергер, истражувале белодробно ткиво и примероци од обдукција земени од жртви на шпански грип од 1918 година, како и други објавени наоди од тоа време. Групата открила многу видови на бактерии за кои се знае дека предизвикуваат пневмонија – инфекција која ги разорува воздушните кеси на белите дробови – алвеолите.

Резултатите биле споредени со ткиво и бактериски примероци добиени од подоцнежните пандемии, особено пандемијата на азиски грип од 1957 година и грипот од Хонг Конг од 1968 година, бидејќи и двата одговорни вируси биле потомци на шпанскиот грип.

Смртните случаи од овие подоцнежни пандемии, исто така, биле поврзани со бактериска пневмонија, но Фаучи и неговите колеги забележале дека има разлики во „спектарот и степенот на секундарната бактериска пневмонија“, најверојатно поради напредокот во медицината, како што се антибиотиците и вакцинацијата против грип, како и демографските и социјалните фактори.

Фаучи и неговите коавтори објаснуваат дека примарната инфекција со грип можела да го олесни развивањето на бактериската пневмонија и да ги убива пациентите, бидејќи вирусот ја уништил физичката и имунолошката одбрана на телото.

Маски во трудот воопшто не се споменуваат, ниту пак, некаде пишува дека тие се извор за бактериска пневмонија.

Коронавирусот се шири при близок контакт со други, преку респираторни капки. Респираторните капки патуваат во воздухот кога кашлате, кивате, зборувате, викате или пеете. Овие капки потоа може да ги вдишат луѓето кои се во ваша близина.

Маските се едноставна бариера за да се спречи вашите респираторни капки да стигнат до други. Истражувањата покажуваат дека маските, кога се носат преку носот и устата, го намалуваат прскањето на капките, се вели во упатството на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Треба да носите маска, дури и ако не се чувствувате лошо. Ова е затоа што неколку студии покажаа дека луѓето со ковид-19 кои никогаш не развиваат симптоми (асимптоматски) и оние кои сè уште не покажуваат симптоми (предсимптоматски) сè уште можат да го пренесат вирусот на други луѓе. Носењето маска помага да се заштитат оние околу вас, во случај да сте заразени, но да не покажувате симптоми, пишува на веб-страницата на ЦДЦ.

Од Светската здравствена организација препорачуваат носењето маска да биде нормален дел од дружењето со други луѓе. Оттаму апелираат дека соодветната употреба, складирање и чистење или отстранување на маските се од суштинско значење за тие да бидат што поефикасни.

Маските спречуваат во ширењето на вируси и никако не може да предизвикуваат бактериски пневмонија. Ова тврдење кое освен што е невистинито истовремено е и нелогично, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ