• Latest

Вистиномер: Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат

August 20, 2021
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат

August 20, 2021 14:11
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук шири невистини дека од септември се планира тајна вакцинација на децата против ковид-19 во училиштата, како и дека вакцините содржат отров. Двете инфромации не се точни.

19.08.2021 Македонија

Чувајте си децата .Тајно сакаат да вакцинирааат. Тоа е кривично дело. Вакцините се отровни. Ова е дело на длабоката држава која ги поткупи Филипче и Заев, се вели во објавата на Фејсбук.

Постот се повикува на информација од извесна Јулија Давидовска, која вели:

Од сигурни извори преку вработен во школо штотуку дознав дека ќе има масовна вакцинација за децата во школо од септември па натаму… ненајавено, лукаво, без родителска согласност… Ете толку имам да кажам. Секој совесен родител нека се замисли!.

Владата на 99. седница донесе одлука учебната 2021/2022 година да почне со физичко присуство во полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи. Како што појасни министерот за здравство, Венко Филипче, во кој било момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадат препорака да се активираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, комбинирано или онлајн.

Исклучоци се ученици со хронични болести и деца кои имаат постари членови со хронични болести и третата група тоа се деца кои по барање на родителите од немедицински причини може да упатат барање до училиштето и тоа да дозволи да не одат во училиште, сите други ќе бидат со физичко присуство. Родителот има право да побара за немедицинска причина и врз основа училиштето да даде или не даде согласност. Тоа што е битно е дека во било кој момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство, објасни Филипче во интервју за Канал 5.

Информацијата дека учениците ќе почнат да одат на настава со физичко присуство некои почнаа да ја злоупотребуваат со цел да шират невистини дека во земјава се подготвува тајна вакцинација на децата, како што инсинуира постот што го анализираме.

НЕМА ТАЈНА ВАКЦИНАЦИЈА

Вакцинацијата против ковид-19 во земјава, како и секаде во светот, е доброволна за лицата над 18 години и тоа е јасно повторено досега повеќе пати. С. Македонија, водејќи се по примерот на други држави, ја одобри вакцината на „Фајзер“ за лица над 12 години, но децата се вакцинираат исклучиво со согласност на родителите, кои, пак, можат да ги пријават на сајтот „вакцинација.мк“.

Ова, во изјава за „Вистиномер“ уште еднаш го повторија од Министерството за здравство, каде се обративме за одговор на прашањето, дали е точно дека од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата.

Во нашата држава се имунизираат лица постари од 18 години по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во нашата држава се вакцинираат исклучиво со вакцината од производителот „Фајзер“. Министерството за здравство потенцира дека објавените информации на коишто се повикувате се невистинити.

Што се однесува до вториот дел од објавата, дека вакцините против ковид-19 содржат отров, исто така, и тоа е лажна информација. Ваквите информации „Вистиномер“ веќе ги има дебанкирано (ТУКА и ТУКА). Составот на вакцините е јавно достапен на сајтот ковид19вакцинација.мк и секој може да провери што содржат вакцините кои се аплицираат во земјава.

Од сето ова може да се заклучи дека изнесените информации во постот се лажни. Факт е дека не се планира никаква тајна вакцинација на децата во училиштата и факт е дека вакцините не содржат отров. Со пласирање на вакви дезинформации во јавноста лесно може да се создаде паника, а со тоа да се наштети на целиот процес на имунизација против ковид-19, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ