• Latest

Вистиномер: Не е точно дека Велија Рамковски најавува враќање на А1 телевизија

February 8, 2022

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека Велија Рамковски најавува враќање на А1 телевизија

February 8, 2022 12:36
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото објавено во текстот што се споделува на Фејсбук, а за кое се тврди дека преку него Рамковски најавил враќање на А1 телевизија во етерот, го објавила Фејсбук страницата А1 телевизија и истото е старо повеќе од 2 години.

Но, во ова видео, Рамковски не најавува враќање на А1 телевизија, туку зборува за состојбата со медиумите во Македонија. Веста дека Рамковски ќе ја враќа телевизијата, ја демантираше и неговата ќерка, Емел Рамковска која во изјава за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект. Фејсбук страницата А1 телевизија, која најавува наводно враќање на телевизијата во етерот, исто така, демантираше дека Велија Рамковски стои зад овој проект, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Пост на Фејсбук прашува дали телевизијата А1, која згасна во времето на владеењето на Никола Груевски, се враќа на малите екрани и додава дека по тој повод, нејзиниот некогашен сопственик, Велија Рамковски ѝ се обратил на јавноста. Ова не е точно.

Постот е придружен со напис кој тврди дека бизнисменот Велија Рамковски најавува враќање на телевизијата А1 во етерот.

Тој во видео обраќање до гледачите на телевизијата најави нејзино повторно емитување најпрвин како онлајн телевизија, со можно враќање на малите екрани, стои во написот.

Видеото објавено во текстот за кое се тврди дека преку него Рамковски најавил враќање на А1 телевизија во етерот, го објавила Фејсбук страницата А1 телевизија и истото е старо повеќе од 2 години. Но, во ова видео, Рамковски не најавува враќање на А1 телевизија, туку зборува за состојбата со медиумите во Македонија.

Веста дека Рамковски ќе ја враќа телевизијата, ја демантираше и неговата ќерка, Емел Рамковска. Во изјава за „Слободен печат“ таа вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект, а не е познато ниту дали навистина ќе се појави таква телевизија во етерот.

Ние не стоиме зад тоа, телевизијата нема да биде на Велија. Не знам кои се луѓето, спорна е целата работа и ми делува малку несериозно со целата најава. Тоа не се прави така, но секој сака да искористи од рејтингот на А1, па така би било интересно да се дознае кој стои зад целата работа, и мене ме интересира, вели Рамковска.

Фејсбук страницата А1 телевизија, која најавува наводно враќање на телевизијата во етерот, но во интернет просторот, исто така демантираше дека Велија Рамковски стои зад овој проект.

Би сакале да се оградиме од сите шпекулации поврзани со тоа дека се враќа А1 преку телевизиски сигнал или кој се’ стои зад истата во моментов. Вистинскиот и единствен сопственик кој и е познат на јавноста е Велија Рамковски, но истиот не учествува во позадината на ова реобновено интернет издание на А1 Телевизија!
Нашата цел е на некаков начин да го вратиме духот на дефинтивно најгледаната и влијателна телевизија во Република Северна Македонија, до можеби некогашно вистинско враќање на А1 Телевизија на кое сите заеднички би се радувале.
Целиот A1 Online начин на телевизијата ќе фукцнионира со емитување на online програма, токму онаков начин за кој Велија Рамковски во едно недамнешно интервју за еден медиум изјави: “А1 би била модерна, со поддршка од социјалните мрежи. На пример, направена емисија, или вестите, но тоа да се пренесува и преку социјалните мрежи. Значи мостот меѓу евентуално идна А1 и социјалните мрежи ќе биде многу појасен и побрз“, стои во објавата на фејсбук страницата.

Оттука, останува нејасно кој стои зад оваа Фејсбук страница и објавите. Факт е дека Велија Рамковски не стои зад овој проект и тој не најавува враќање на А1 телевизија во етерот. Поради тоа, постот што го рецензираме го оценуваме како неточен, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ