• Latest
Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Вистиномер: ПЦР тестовите не се ни отровни, ни озрачени!

December 25, 2021
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: ПЦР тестовите не се ни отровни, ни озрачени!

December 25, 2021 09:03
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Експериментот прикажан на видеото не покажува радиоактивно зрачење, но покажува колку опасни може да бидат манипулативните анонимни видеа со лажни тврдења во нив. Уредот во видеото е тестер за електромагнетно зрачење SoeHong DT 1130, којшто на Амазон може да се купи за 25 евра. Сите ПЦР тестови се стерилизирани со етилен оксид, гас за кој неосновано се тврдеше дека го прави тестот „отровен”. Како што веќе пишувавме на „Вистиномер“, етилен оксидот не е опасен зашто додека да дојде ПЦР тестот до човекот кој се тестира, тој веќе е изветреан и не постои, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека ПЦР тестовите со кои се детектира ковид-19, се „отровни и озрачени”. Видеото, пред да се појави на социјалната мрежа, нашироко е споделувано на Телеграм и тоа со повик во кој се бара сите да го видат, бидејќи станува збор за методите со кои се врши стерилизација на ПЦР и брзите тестови, а која, наводно, била опасна по здравјето.

Во склоп на постот има и видео во кое се слуша женски глас кој на германски јазик нè предупредува за „нов скандал”. Жената вади спакувано стапче со памучен врв, кое претставува елемент од тестот за детекција на ковид-19. Исто така, има и уред, на дното од видеото, којшто се опишува како ,„уред за мерење електрично зрачење”, иако во никој случај не се работи за таков уред! Се вели дека методот што се користи за дезинфекција на овие тест стапчиња предизвикува радиоактивна контаминација. Жената во видеото почнува да го проверува тестот за наводна радиоактивност и уредот се активира!

Но, дали ова навистина покажува дека стапчињата со памучен врв кои се користат за тестирање ковид се радиоактивни? Секако дека не.

Прво, уредот во видеото е тестер за електромагнетно зрачење SoeHong DT 1130. На Амазон може да се купи за 25 евра.

Што прави овој уред? Тоа не е гајгеров бројач или уред за детекција на контаминација за откривање нечистотии од радиоактивни материи. Мерниот уред што се користи овде е апарат за мерење електромагнетни полиња. Значи, она што се мери тука не е ништо повеќе отколку генериран напон. Тоа што апаратот реагира е логично. Напонот е предизвикан од триењето на тест-стапчето кога се отвора и се вади од пакувањето. Жената на видеото неколкупати ја отвора и ја затвора кутијата со тест стапчето и тогаш се активира апаратот. Овој експеримент не покажува радиоактивно зрачење, но покажува колку опасни може да бидат манипулативните анонимни видеа со лажни тврдења во нив.

Сите ПЦР тестови се стерилизирани со етилен оксид, гас за кој неосновано се тврдеше дека го прави тестот „отровен”. Како што веќе пишувавме на „Вистиномер“, етилен оксидот не е опасен зашто додека да дојде ПЦР тестот до човекот кој се тестира, тој веќе е изветреан и не постои, односно во процесот се отстранува од стапчето.

Етилен оксид е гас којшто често се користи за да се стерилизира медицинска опрема. Исто така, тој се користи за стерилизација на зачини и козметика. Иако од федералната агенција на САД за храна и лекови е наведен како канцероген, тоа е случај само при долготрајно изложување на етилен оксид. Експертите велат дека гасот на ПЦР тестот се користи само во мали количини за да се стерилизираат тестовите и не е опасност од канцер, односно не е канцероген.
Етилен оксид не е составен дел, односно не е елемент од кој се состои тестот. Доктор Александар Едвардс, професор по биомедицинска технологија на универзитетот Ридинг во Англија, за „Асошиејтед Прес“ изјавил дека гасот се користи во процесот на стерилизација и нема влијание врз него, како што би имале, на пример, топлината или пареата во процесот на стерилизација.

Нема да се покаже во каков било значителен начин во моментот кога ќе го отворите тестот, вели Едвардс.

Американската Агенција за храна и лекови има строги стандарди за употребата на етилен оксид во медицински цели, откако се испостави дека гасот може да предизвика рак ако на него се изложувате долго време. Американските компании кои го користат гасот се мониторирани од инспектори од Агенцијата за храна и лекови на САД. Експертите велат дека нема простор за загриженост гасот да се задржи на ковид тестовите.

Не е нешто што би останало на производот, додава Едвардс.

Првпат етилен оксид е развиен во 19 век, ама како хемиски стерилизатор почнува во медицината да се користи во 1950 година. Процесот вклучува изложување на медицински производ, на пример стапче за брис, на гасот, а потоа истото стапче се ветрее на воздух неколку часа, за да се отстранат какви било остатоци од етилен оксид, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

До моментот кога стапчето за земање брис е целосно изветреано и спремно за пакување, нема ни трага од етилен оксид на него, вели професорот на универзитетот во Мичиген, Стјуарт Батерман.

Етилен оксид уништува вируси, бактерии и габички кога доаѓа во интеракција со ДНК на микробите. За гасот да биде опасен за луѓето, тие треба да се изложени на високи концентрации на етилен оксид доволно долго време, а не од повремено земање брис од нос или грло, додава тој.

Повеќето извештаи за опасност од канцер се за тие луѓе коишто работат или живеат блиску до фабрики каде што се користи и има голема емисија на гасот етилен оксид.

Студија од 2016 година, којашто ги истражуваше ефектите на етилен оксид на памучни стапчиња за земање брис, откри дека количеството на гасот, коешто останало, не се ни мери после 3 недели од стерилизацијата.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистинито тврдењето дека ПЦР тестот е отровен и радиоактивен, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ