• Latest

Вистиномер: Вакцините против ковид не може да ве заразат со ковид

December 22, 2021
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Вакцините против ковид не може да ве заразат со ковид

December 22, 2021 10:53
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Фактите говорат дека ниедна авторизирана вакцина против ковид-19  не содржи жив вирус кој предизвикува ковид-19.  Така што вакцината не може да ве зарази со ковид-19. Симптомите кои се јавуваат после вакцинација се краткотрајни и се доказ за градењето на имунолошки одговор, а имунитетот не се создава инстантно, туку во период за неколку недели после втората доза. Во тој меѓупериод е можно да се заразите со ковид-19, но од самиот вирус кој би предизвикал инфекција, а не од вакцината, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој е изнесено анонимно наводно лично „искуство“, а  коешто медицински и научно е неточно.

Во постот се вели:

Јас и мојот сопруг, со две дози Синовак. После две недели од вакцината инфицирани со тешки симптоми. Јас едвај преживеав. А сто проценти сум сигурна дека се инфициравме од вакцините.

Ова тврдење е лажно.

Од вакцините не може да се инфицирате од коронавирусот. Тоа е објавено на официјалната страница за вакцинација во земјава.

Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Некои луѓе кои примиле вакцина пријавиле лесни до умерени несакани ефекти, вклучувајќи болка на местото на инјектирање, замор, главоболка и болка во мускулите. Не секој добива несакани ефекти. Но, ако добие, тие се нормални и знак дека вашето тело ја гради својата одбрана од вирусот, пишува на страницата за вакцинација во Северна Македонија во делот митови и фкти за вакцините.

И Центарот за контрола и спречување болести на САД (ЦДЦ), тврдењето дека вакцината против ковид-19 ќе ве разболи од ковид-19, го карактеризира како мит.

Фактите се дека ниедна авторизирана вакцина против ковид-19 во САД не содржи жив вирус кој предизвикува ковид-19. Вакцината поради тоа не може да ве зарази со ковид-19, пишува на страницата на ЦДЦ.

Ковид вакцините го учат имуниот систем да го препознае и да се бори против вирусот кој предизвикува ковид 19. Понекогаш овој процес може да предизвика симптоми, како температура. Овие симптоми се нормални и се знак дека телото гради заштита против вирусот кој го предизвикува ковид 19.

Во постот е изнесено тврдење дека заразувањето на двете личности било две недели после вакцинацијата, и дека се работело за вакцина „Синовак“.

Имунитетот од различни вакцини против ковид-19 се создава од две до шест недели после втората примена доза. Во случајот на „Фајзер“, треба да поминат три недели после втората доза, а во случајот на кинеските вакцини шест недели после втората доза за телото да изгради имунитет. Затоа експертите за сите препорачуваат да се однесуваат во овој меѓупериод како да не се вакцинирани, во смисла на тоа да ги применуваат општите препораки и заштитни социјални мерки за превенција од ковид-19. Освен тоа, вакцината не е гаранција за заштита од инфекција, ама нуди прилично висока заштита во поглед на исходот од лекувањето и спречувањето на смртен исход и хоспитализации. 

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека од вакцината против ковид-19 може да се заразите од вирусот. Симптомите кои се јавуваат после вакцинација се краткотрајни и се доказ за градењето на имунолошки одговор, а имунитетот не се создава инстантно, туку во период за неколку недели после втората доза. Во тој меѓупериод е можно да се заразите со ковид-19, од самиот вирус кој би предизвикал инфекција, а не од вакцината, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ