Буџетот е план за прибирање на средства од даноци и кредити и план за негово трошење. Значи тоа е планирано, а колку ќе се реализира ќе покажат многу други фактори во текот на следната фискална година. За очекување е дека плати за администрацијата ќе има како и други социјални трансфери. Но, за капитални вложувања од над 700 милиони евра ќе се задолжи државата на странскиот и домашниот пазар.
Вистинското прашање е дали можеме да имаме буџет од 6,5 милијарди евра, а вкупниот БДП ни е помалку од 14 милијарди евра? Ако направите споредба со државите кои секоја година ни праќаат извештај за нашите состојби, ќе видите дека тој се движи најмногу до 35% од БДП. Кај нас за следната година тој треба да биде околу половината од БДП. Споредбата е сегашниот БДП и буџетот за следната година и ќе речете дека соодносот ќе биде поволен, ако имаме раст на страната на БДП. Ако очекувањата се раст од 3,7%, а тоа е околу половина милијарда евра, тешко дека тој сооднос ќе се промени значително. Буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а тоа значи дека со предвидениот раст ни него не го покриваме.
Повеќе може да се прочита во текстот под наслов „Буџетот не е чекмеже: За да се земат пари, треба и да се стават – за да има што да се земе“ од Војо Маневски, објавен на 1 ноември.