Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, преку своја објава на Фејсбук, изрази поддршка за иницијативата на ЦИВИЛ за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја.
„Да поддржиме и да создадеме моменти на заедништво како што е македонската изведба на евровизискиот хит од 90та ИНСИЕМЕ/ЗАЕДНО. Нема поголема македонска кауза од обединувањето на сите наши граѓани околу европската иднина на нашиот народ и нашата татковина“, напиша Маричиќ на својот профил на Фејсбук.
Вицепремиерот Маричиќ го сподели линкот од македонската верзија на познатиот италијански хит „Инсиеме/Заедно“ со која Тото Кутуњо победи на Евровизија во Загреб 1990 година. Во иницијативата учествуваа повеќе од 15 македонски музички и актерски ѕвезди.
Партиите и сите останати политички субјекти можат својата поддршка за проевропската иницијатива да ја изразат и преку соопштение до јавноста во која ја изразуваат поддршката за Иницијативата на Цивил за општествено и политичко обединување за европската иднина, изразено и преку продукција на македонската верзија на песната Инсиеме/Заедно.
Претходно, и ВМРО-ДПМНЕ изрази поддршка за иницијативата на партиската ФБ страница.
М. П.