• Latest

Визија, мисија и цели на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ

April 17, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Визија, мисија и цели на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ

April 17, 2018 11:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ во првичната Декларација велат дека во остварување на својата визија, мисија и цели ќе се посветат на јавно промовирање на фракционерските ставови, анализи, ставови и размисли, организирање предавања, дебати и конференции со определени целни партиски и други групи од затворен и отворен карактер, промовирање на култура на партиципативност и мотивирање за учество во политички процеси, промовирање на концептите на критичко мислење, дебатирање со цел демократизација и развој на социо–културните политики, како и формирање Центар за развој на политичка култура, слободна мисла и партиципативна демократија.

Визија на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ

Визијата на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ е исклучиво посветена во насока на зајакнување на внатрепартиската демократија преку збогатување и динамика на внатрепартискиот живот, кој треба да придонесе за демократизација и релаксација на внатрепартиските односи и корелации и во создавање на услови за демократски процедури и постапки при донесување на партиски одлуки и ставови…

Мисија на Демократската фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Мисијата на Демократската фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување можност за организирано и јавно да се истакне и искаже поинаков став, несогласност како и незадоволство од оној на партиското раководство, без притоа да се изрекуваат или очекуваат партиски санкции.

Фракцијата ќе се залага за секое клучно прашање или проблем во партијата и државата (во случај на постоење на различни внатрепартиски видувања и ставови), да се отвори дискусија помеѓу партиското членство при што усвоениот мнозински партиски став да биде доследно почитуван од сите членови на партијата.

 

Цели на Демократската фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ

  • Дејствувањето на партијата да се заснова на темелни демократски принципи и вредности: партиска слобода, меѓусебна солидарност и обезбедување на еднакви услови и еднаков пристап на секој член до секоја партиска и државна позиција и функција,
  • ВМРО ДПМНЕ мора да го оправда својот префикс (додавка) и да стане обединувачка партија на сите прогресивни сили, наместо досегашната политика ,, раздели па владеј”.
  • Да изградиме систем на имунитет, но и да ги победиме на секое поле ретроградните и мрачни партиско – политички сили, за да се спасиме од неизбежната катастрофа што ни се заканува.
  • Да ставиме крај на манипулативното партиско владеење и управување. Наместо лагата, на пиедестал да ја ставиме вистината и вербата во поубава иднина, а манипулативното да го замениме со чесно владеење и управување
  • Стимулација и развивање на демократска свест и партиципативна политичка култура – ВМРО ДПМНЕ да стане партија каде секој политички конфликт или било какво друго недоразбирање ќе се модерира според начелата на демократијата, дијалогот, толеранцијата и постигнување консензус помеѓу клучните партиски фактори за најзначајните прашања.
  • Фракцијата да стане доверлив и вистински „коректив“ на сите недемократски, незаконски, нестатутарни и неетички партиски и политичко-општествени случувања и дејствувања,
  • Донесените партиски одлуки да добијат и на ,,тежина” односно на квалитет и да бидат широко прифатени и практикувани од членството,
  • Да се детектираат сите сериозни критички точки во функционирањето на партијата и државата, и притоа да се понудат конкретни решенија за актуелните проблеми и состојби

Принципи на дејствување

  1. Широк и демократски избор на носители н партиски функции на сите нивоа, исклучиво избрани од членството – почнувајќи од лидерот на партијата, па до сите останати партиски функции на сите нивоа на организираност на партијата.
  2. Практикување на реална кадровска(партиска и државна) политика заснована врз вредносни постулати: стручност; одговорност; отчетност, правичност и интегритет на личноста.
  3. Интегритет на партиските органи и тела кои не смеат да бидат подложни на притисоци и манипулации од каков било вид, елиминација на досегашната фамилијарност, партиски и лични анимозитети во секојдневното извршување на доверените и договорените задачи и обврски.
  4. Легалитет и легитимитет на донесените партиски одлуки и ставови – одлуките мора да бидат донесени во легитимна и легална постапка согласно уставните, законските и статутарните одредби.
  5. Нова реална економска политика – Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ предлага нов економски концепт на забрзан економски развој, заснован врз концентрирано знаење и оптимална употреба на материјалните ресурси, наспроти секојдневното задолжување и шминкање на неодржливиот економски систем на продажба на евтина работна сила и распродажбата на националните ресурси и интереси; како и запирање на трендот во економијата кој произведува екстремно богато и политички заштитено бизнис малцинство и сиромашно мнозинство.
  6. Максимална партиска демократија – воспоставување на вистинскиот и реален партиски плурализам на размисли, ставови и идеи.
  7. Прочистување на партијата од криминалните и аморални структури и од ловците по функции,
  8. Морал во политиката – политиката не смее и понатаму да се поистоветува со најстариот занает на светот, туку како професија заснована на морални принципи, вредности и доблести.
  9. Воведување на принцип на заслуги и награди за вложен труд, лојалност и посветеност кон извршување на партиските задачи – главен принцип на партиско-политичко кариерно напредување
  10. Транспарентност при креирање на клучните ставови за водењето на надворешната и внатрешната политика и во борбата за основните национални и државни интереси во меѓународните односи – воспоставување на транспарентен партиски демократски модел на надворешна политика, со демократска контрола и отчет, а на надворешен план, насочен кон заштита на виталните државни и национални интереси на Република Македонија. Заштитата на виталните интереси, пред сé, подразбира користење на сите политички и правни средства за воспоставување целосен меѓународно – правен субјективитет на уставното име на Република Македонија во Обединетите Нации, исправање на досегашната нанесена неправда со барањето за промена на името, вклучувајќи ја и борбата за дипломатското признавање на уставното име Република Македонија од сите членки на Обединетите нации. Поради недемократското и нетранспарентно донесување одлуки во тесен круг на едномисленици во претходниот период, беше запоставена борбата за стратешките надворешно–политички цели и не беа употребени сите можни дозволени средства и инструменти за реализацијата на автентичните национални интереси на Република Македонија на меѓународен план.
  11. Вистински вредности на вистинско место – Демократската фракција ќе го ревидира досегашниот негативен и флегматичен однос на партиското раководство кон сите творечки и интелектуални потенцијали на партијата, особено кон младите и специјализирани кадри кои масовно ја напуштаат државата. Максимална заложба за валоризација на реалните човекови, правни, морални и други вредности и квалитет за да си го најдат своето вистинско место како во партијата така во државата.

ЦМ

 

Tags: ДекларацијаФракција на ВМРО-ДПМНЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ