До Државната изборна комисија вчера до 19:30 часот кога истече рокот, поднесени се вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. ДИК треба да се произнесе по приговорите во рок од 72 часа.
Левица поднесе најмногу приговори 1.982, Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесоа 151 приговор, 2 приговора поднесе ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не поднесе приговори.
Според најавите ДИК, денеска, а најдоцна утре, ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува по приговорите.