андидатите на ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов добија најголем број гласови од бугарските граѓани што гласаа во Северна Македонија на вчерашните избори – вкупно 109 гласа, јави БТА.
Втора е коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) со 53 гласа, додека проруската „Преродба“ е на третото место со 48 гласа. Останатите гласови се распределени помеѓу „Има таков народ“ (24 гласа), ДПС – Нов почеток (7 гласа), БСП (8 гласа), Алијанс за права и слободи (5 гласа) и МЕЧ (3 гласа). Овие податоци се објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија на Бугарија (ЦИК).
Бугарските државјани во Северна Македонија имаа можност да гласаат на пет локации: во Амбасадата на Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат во Битола и во избирачките места во Охрид, Прилеп и Струмица.
Со вкупно 327 гласови, ова е најнискиот број излезност во последните три години. За споредба, на изборите во јуни оваа година гласаа 340 бугарски граѓани, во април 2023 година 453, а на изборите во октомври 2022 година 461 глас, пренесе МИА.