• Latest

Влада: Стратешките определби за Ромите се и државни цели

April 7, 2021
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Влада: Стратешките определби за Ромите се и државни цели

April 7, 2021 16:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на утрешниот Светски ден на Ромите 8-ми април и одбележувањето на јубилеј 50 години од првиот Ромски конгрес од 1971 година, денеска на претставниците на ромската заедница им честитаа и се обратија претседателот на Владата, Зоран Заев, првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и пратеничката, Љатифа Шиковска.Премиерот Заев истакна дека со денешниот настан се одбележуваат големи јубилеи и годишнини, запишани со златни букви во историјата на Ромскиот народ од целиот свет:  50 години од одржувањето на Светскиот конгрес на Ромите; 31 година од прогласувањето на 8 април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите Нации и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата земја.

„Тоа се низа значајни настани кои се карактеризираат со храброст, достоинство, доверба и сила во постигнувањето на целите од Стратешките определби за Ромите и светската заедница на народите, во кое посебно место има за остварувањето на овие цели во нашата земја. Ромите во нашата земја имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот“, рече премиерот Заев и додаде дека Владата продолжува со интегративни и афирмативни мерки во постигнувањето на Стратешките определби за Ромите, кои како што рече Заев се и државни цели.

„Имаме политичко преставување на Ромите во Владата, во мојот кабинет, во Парламентот, во институциите. Политичкото преставување на Ромите и пропорционалната застапеност треба да продолжи да се рефлектира и во останатите ешалони на централната и локалната власт“, истакна премиерот.

Осврнувајќи се на конкретни политики и мерки од непосреден интерес за ромската заедница, премиерот Заев рече дека се во тек активностите околу обезбедување на типски куќи во сопственост на општината, а наменети за социјално домување на 20 семејства во Кочани.

„На сите овие семејства ќе им се обезбеди тим од теренски социјални работници кои што заедно со лица од Агенцијата за вработување ќе работат на интегративни индивидуални планови за активација на пазар на труд, социјална заштита и образование“, рече премиерот Заев и додаде дека овој модел, во соработка со Делегацијата на ЕУ, ќе се реализира и во другите општини, како што се Виница, Велес, Шуто Оризари, Штип, Прилеп во населбата Тризла и во Битола во населбата Баир, за што се обезбедени 20 милиони денари во Министерството за транспорт и врски.

Премиерот истакна дека во тековната 2021 година, за имплементација на Стратегијата на Ромите и Стратешките планови од приоритетните ресори за директни, таргетирани и генерални политики се планирани околу 1 милион евра.

„Тоа е win-win ситуација и за нас како Влада. Ромите се нашиот потенцијал, како во работна сила која треба да се стимулира и да расте, така и во делот на отворање на бизниси, кој што за нас како држава значат и зголемен прилив на даноци. Во новиот оглас за полицајци Роми имавме и апликации од Ромската заедница, и сите кои што ги исполнуваа пропишаните услови се примени во новата генерација.

Со новиот Оперативен план за активни мерки за вработување имаме и таргетиран пристап за ромската заедница и во рамките на целиот опфат се планирани се 565 лица или 10% од вкупниот број на корисници во пет програми за активација на пазар на труд.

За прв пат оваа Влада креира долгорочна мерка за економско зајакнување на ромската заедница преку таканаречен Мечинг фонд за претприемништво за Роми. Креираме револвинг фонд од 2 милиони евра за кредит со поволна каматна стапка за ромските претприемачи за формализација на нивната дејност и унапредување на бизнисот“, објасни премиерот Заев.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби истакна дека целите на првиот Ромски конгрес со кои Ромите ја утврдија химната и азбуката, и стекнаа право да бидат еднакви во општеството без дискриминација, не се само обврска, туку и конкретна заложба на Владата.

„Аспирациите за еднакви права и достоинствен живот се пред сѐ заложба за градење инклузивно општество во земјата. Без оглед на составот, програмите, различните идеологии, фокусот и интересот остануваат непроменети, дури и волјата и ентузијазмот остануваат во целосен и постојан капацитет и се посветени на исполнување на препораките, критериумите и обврските што произлегуваат од ратификуваните универзални декларации и договори за нашата стратешка определба за полноправно членство во Европската унија. Со Националната стратегија за Ромите за постојан развој во социјалната, економската и политичката сфера, особено во областа на заштита од дискриминација и расизам, вклучувајќи пристојно домување, образование и здравствени услуги, не само што ќе се решат проблемите во овие области, но значително ќе придонесеме за искоренување на сиромаштијата“, истакна Груби.

Пратеничката Љатифа Шикоска се осврна на успехот после децениски напори во донесувањето на Закон за неевидентирани лица матична книга на родените со што се решаваат проблемите на 680 граѓани Роми, и изрази благодарност за заложбите и одвојувањето на буџетски средства за имплементација на проекти од областа на образованието, инфраструктурата, домувањето, легализацијата на живеалиштата, вработувањето, еднаквата и правичната застапеност на Ромите, особено на жената Ромка, во сите сфери на општеството.

На настанот преку видео конференциска врска присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за правда Агим Нухиу и вработени од Министерството за внатрешни работи и Министерството за транспорт и врски, заедно со претставници  на граѓански организации и политички партии кои ја застапуваат ромската заедница во земјата.

Министерката за образование Мила Царовска, истакна дека пристапот до квалитетно образование за секое дете е нивни врвен приоритет. Затоа со новата Концепција градат образовен систем заснован на меѓуетничка толеранција и инклузија.

„Со Буџетот на МОН за 2021 обезбедивме поддршка од 6 милиони денари за ангажирање на 35 образовни медијатори кои делуваат во 26 општини во државата. Тие ќе им помагаат на децата од ромска националност во образовниот процес и на подобрување на пристапот до училишта. Целта е да се намали напуштањето на воспитно-образовниот процес, преку средби со родителите, стручните соработници и наставниците.

Преку повеќе проекти, буџетска поддршка, стипендирање и законски олеснувања работиме на континуирано зголемување на бројот на ученици од ромска националност во сите образовни нивоа“, рече Царовска.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, истакна дека концептот “Едно општество за сите” на Владата на Република Северна Македонија значи вклучување на сите заедници и овозмужување на еднакви права и можности за сите.

По повод одбележувањето на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, истакна дека Република Северна Македонија е земја лидер во регионот и прва која ќе подготвува Методологија за истражување на Роми, која ќе биде во согласност со Декларацијата за интеграција на Ромите.

„Инклузија на деца Роми во предучилишно образование од 2006 до 2021 година е 4.000 деца се бесплатно сместени во градинките во учебната 2020/2021 во градинките биле запишани 337 деца Роми, од кои 90 се ослободени од партиципација.

За социјално домување издвоени се 69 милиони евра за изградба на социјални станови од кои 4% ќе бидат за Роми, 3,2 милиони евра за легализација, реконструкција и изградба на нови живеалишта во ромските населби. Во подготовка е нов Закон за домување во Република Северна Македонија кој ќе содржи посебен дел Социјално домување.

Највработливите членови од семејствата приматели на Гарантирана минимална помош, во соработка со АВРСМ преку Оперативниот план, ги активираме на пазарот на труд

Тимовите на Центрите за социјална работа активно работат со бездомните лица сместени во времените живеалишта во Визбегово, Чичино село и Ранка Миланович, со цел подигнување на свеста за важноста на образованието, социјалниот живот, вработувањето.

Министерството за труд и социјална политика е најдирекно вклучено во адресирањто на проблемите на Ромите во нашата држава“, истакна Шахпаска.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ