• Latest

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026 07:45
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ванчо Орданоски

Во Македонија се отвори дебата за изградба на дата-центри, а со неа веднаш пристигна и цел пакет на хорор-приказни: ќе ни ја потрошат водата, ќе ни ја земат струјата, ќе го загрозат земјоделството, ќе прават бучава, па дури се споменува и електромагнетно зрачење.

Проблемот е што голем дел од овие аргументи ги препознаваме од протестите што во моментов се одвиваат во САД против огромните AI дата-центри. Таму загриженоста има реална основа: станува збор за hyperscale комплекси од десетици, стотици, па и повеќе мегавати, изградени за експлозивно растечките потреби на вештачката интелигенција. Во САД веќе има сериозни дебати за нивното влијание врз електричната мрежа, цената на струјата и потрошувачката на вода. IEA проценува дека потрошувачката на електрична енергија од дата-центрите глобално ќе се удвои до 2030 година, пред сè поради AI.

Но, дали тоа значи дека дата-центарот како концепт е нешто лошо?

Секако дека не.

Македонскиот Национален дата-центар што е најавен за потребите на државните институции е планиран со капацитет под 1 MW. За споредба, големите комерцијални центри за кои се водат ваквите дебати можат да бидат 50, 100 и повеќе MW. Тоа едноставно не е иста категорија инфраструктура.

На Македонија ваква инфраструктура ѝ е потребна.

Не е нормално во 2026 година секоја институција да одржува сопствени сервери, сопствени импровизирани серверски простории, сопствен backup и сопствена безбедност. Централизиран дата-центар овозможува консолидација на инфраструктурата, професионално одржување, подобра физичка и сајбер-безбедност, поефикасно користење на опремата и вистински disaster recovery.

Уште поважно е прашањето на дигитален суверенитет.

Каде се нашите државни податоци? Под чија јурисдикција? Кој има пристап до нив? Колку зависиме од странски cloud-провајдери и што се случува ако од политички, правни или комерцијални причини тој пристап е ограничен?

Ова не е македонски изум. Европската комисија во 2026 година воведе цела Cloud Sovereignty Framework токму околу овие прашања: контрола на податоците, јурисдикција, технолошка зависност, безбедност и отпорност. Европа инвестира во сопствен дигитален суверенитет, а ние дебатираме дали воопшто ни треба дата-центар.

И, патем, сите ние веќе користиме дата-центри – секој ден, и тоа многу. И тие што се за, и тие што се против нив. E-mail-от е во дата-центар. Документот со кој се организира протестот веројатно е во некој cloud, односно во дата-центар. Повикот за протест се споделува на Facebook, Instagram или X – преку дата-центри. Координацијата оди преку Viber или WhatsApp – повторно преку дата-центри. Фотографиите и видеата од протестот? Погодете каде завршуваат.

Со други зборови, денес сосема удобно можете да организирате протест против дата-центри – користејќи неколку дата-центри истовремено.

Тоа не значи дека секој предложен дата-центар треба автоматски да добие зелено светло.

Особено кај приватните комерцијални проекти мора да знаеме колкава моќност бараат, од каде ќе дојде струјата, каков систем за ладење користат, колку вода трошат, кој инвестира и каква економска корист останува во Македонија. Тоа се сосема нормални прашања.

Но има огромна разлика помеѓу:

„Покажете ни ги параметрите на конкретниот проект“

и

„Дата-центрите ќе ни ја земат водата и струјата, затоа не ни требаат.“

Ајде да ги деконструираме стравовите.

„Ќе ни ја потрошат водата.“

Ќе ја испијат? Конкретно, овој дата-центар не е планиран примарно да се лади со вода. Потрошувачката на вода е легитимно прашање кај одредени типови огромни AI дата-центри, но не може автоматски да се преслика на секој објект што во името има data center.

„Ќе ни ја земат струјата.“

Колку струја, точно? Ако зборуваме за Националниот дата-центар со моќност под 1 MW, тоа не е некаков енергетски Левијатан.

За да го ставиме „страшниот“ еден мегават во перспектива: Skopje City Mall во 2025 година потрошил речиси 12 GWh електрична енергија – просечно околу 1,36 MW во текот на целата година. Националниот дата-центар што го најавува државата треба да биде со инсталирана моќност помала од 1 MW.

Со други зборови, во Скопје веќе имаме обичен трговски центар чија годишна потрошувачка на струја е поголема од теоретскиот максимум на најавениот Национален дата-центар.

Никој поради тоа не предлага мораториум на шопинг-центри.

„Ќе го загрозат земјоделството.“

Кое земјоделство и на кој конкретен начин? Ова е земја која веќе увезува домати, пиперки и друг зеленчук од Турција, Албанија, Грција и пошироко. Ако некој проект навистина зафаќа плодна почва или значајни водни ресурси – тоа треба да се измери и докаже. Но „ќе го уништи земјоделството“ не е анализа, туку слоган.

„Ќе прават бучава.“

Да, дата-центрите имаат системи за ладење и тие создаваат бучава. Тоа се решава со локација, стандарди и акустична заштита. Во Скопје, во кој секојдневно живееме со илјадници градилишта, десетици илјади клима-уреди и стотици илјади автомобили, чудно е токму ова одеднаш да стане егзистенцијална закана.

А стигнавме и до електромагнетното зрачење.

Тука веќе навлегуваме во територија каде што уште малку ќе бараме забрана и на „алуминиумот“ што наводно го пуштаат авионите коишто прелетуваат над нас.

Секако дека секој голем инфраструктурен проект треба да има студија, јасни бројки и јавен надзор. Но има разлика меѓу поставување разумни прашања и редење на сите можни стравови што сме ги слушнале некаде на интернет.

Дата-центрите се инфраструктура на дигиталната економија, исто како што електроенергетската мрежа е инфраструктура на индустријата. И како секоја инфраструктура можат да бидат добро или лошо проектирани, рационални или мегаломански, корисни или штетни.

Но Македонија да се откаже од сопствена дата-инфраструктура затоа што во Америка се протестира против гигантски AI дата-центри би било прилично апсурдно.

Не треба да ги увезуваме туѓите проблеми пред воопшто да ја изградиме сопствената инфраструктура.

Треба да градиме – паметно, транспарентно и според нашите потреби.

 


Ванчо Орданоски е главен софтверски архитект во Инфопроект и еден од најискусните професионалци и ветерани на ИТ-секторот во Македонија.


infoproject.mk


Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ