• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Комуњарски-вмровци

Или: како истите комуњарски семејства ја киднапираа каузата на ВМРО)

September 13, 2026 08:00
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Насловот драги читатели, нема тенденција да покаже дека во оваа колумна ќе се занимаваме со приземни навреди кон некои ликови на македонската божем политичка сцена. Токму спротивно. Целта е да преку насловот се укаже на нешто исклучително суптилно, перфидно што ни се случува, и тоа цели 35 години како општество и држава. Тука нема никаква етничка поделба, тука едноставно се работи за одржување на системот на владеење. Систем кој создава привид на демократија и божем промена на политичките глумци пред очите на нацијата – граѓаните, но всушност сѐ е исто. Затоа и поради тоа, истото, ние сме таму каде што сме како држава, но пострашно е тоа што незапирливо тонеме како општество, како културен, социјален идентитет. Или што веќе ви го имам кажано, одиме кон тоа да Македонија биде фуснота во европската историја.

Во таа тенденција истите политиканти под раководство на истата „длабока држава“ или поточно југословенска УДБА и КОС, не нужно физички сместени во Белград како синоним на главен штаб, но нужно поврзани со истите такви структури таму, а под патронат на некогаш скриена, а сега веќе видливо присутна Москва, владеат со нашата татковина Македонија.

Ликовите кои се појавуваат на пониските функции се само извршители, додека ликовите кои од „нигде-никаде“ се појавуваат како божем политички „лидери“ и ја водат државата или поточно, пополнуваат највисоки државни функции се истите оние против кои всушност се бореше ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година и против кои се боревме како идеолошки припадници на каузата на ВМРО, и во 1994, во 1996, во 1998, во 2001, на 15-ти Септември 2002, потоа 2006 и еве и денес. Но, токму нив, на еден перфиден начин ни ги инфилтрираа во македонскиот државотворен ген, и денес нѐ ораат како бавча. Буквално, овие ликови, всушност комуњарски семејства, само се трансферираа од СДС на Бранко во ВМРО-ДПМНЕ. При тоа создадоа простор за флуктуација преку создавање на идеолошко-политичка празнина и најмногу од сѐ – ограничен круг на послушна клиентела и маса која е егзистенцијално зависна. Толпа со која лесно се манипулира врз едноставни социолошко-психолошки операции. Во таков социјален контекст, многу лесно се прават социјални конструкции на промена на политикантските ликови од една страна на друга, односно промена на маските. Целата оваа социјална конструкција е втемелена врз малата мемориска картичка на гласачкото тело, посебно на партиското членство, поттикнување на југо-носталгија кај постарата популација, што повеќе би го дефинирале како: „жал за младоста“, а нејзино обезбедување за опстанок во иднината е страотниот пад на нивото на образованост на младата популација.

Како инаку би си ја објасниле актуелната состојба дека Гордана Силјановска – Давкова е денес претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ?

Истата таа Силјановска која 1991 година јавно беше децидно против независна Македонија и се бореше за зачувување на веќе длабоко распадната СФРЈ. Која подоцна стана министер во владата на Црвенковски, токму во време на приватизацијата по законот на Марковиќ каде фабриките ги земаа директорите. Чиј сопруг доби фришопови и тоа во време на ембаргото кон Србија. А фришопови можеше да се добијат само со одобрение на УДБА и под нивна заштита.

Кога „одненадеж“, еве ја Силјановска, најголем ВМРОВЕЦ, или токму КОМУЊАРА-ВМРОВЕЦ. Носител на листа од ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за претседател на Републиката од ВМРО-ДПМНЕ, поради кого Мицкоски го прекрши сопствениот недемократски Статут на партијата, бидејќи не беше сигурен дека некој нема да предизвика бура во ВМРО-ДПМНЕ и освестување – будење на членството.

Но не е само Силјановска која ја земавме за еден очигледен пример, доколку ги погледнете врските, пред сѐ семејни, на поедини лица под маски во сите области на општеството ќе ја видите истата слика. Кој денес го поддржува Мицкоски од бизнис „елитата“ – Кочо Анѓушев, Мукаетов, Азески? Да, тие се негови поддржувачи и тоа можевте да го видите низ секојдневни случки дури и нескриено – шефовски во односот кон Мицкоски. Нели треба јавноста да види кој е газдата. Во кое време овие луѓе или нивните родители ги стекнаа фирмите и имотот? Токму во времето на Црвенковски. Сега слободно запрашајте се зошто никако Мицкоски да донесе нов Кривичен закон, но повеќе за тоа, зошто никако да се донесе „Закон за потекло на имот“?

Како се движеа подготовките за „нормален“ за членството на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста премин на комуњарите-комуњари во комуњари-вмровци? Така што Мицкоски се појави кај својот  коалиционен партнер Социјалистичката партија на промоција на книга за Лазар Колишевски. Наизглед промоција на книга, историска вредност, научен трактат и слични маски, а всушност идеолошко-политички трансфер на ВМРО-ДПМНЕ со цел ширум отворање на вратата за влез на комуњарите-комуњари и нивно претворање во комуњари–вмровци.

Секако, за неграмотното и поврзано со синонимот на ВМРО членство, тоа беше една сцена во која Мицкоски бил на промоција на историска книга. Ами да го интересираше Мицкоски навистина историја, ќе седнеше да прочита нешто, барем за историјата на ВМРО, немаше да оди на промоција на книги за Колишевски, најголемиот душман на идејата на ВМРО. А аналогно на тоа немаше да тресе глупости за „Хаџи Арсов“ од ТВ серија, измислен лик кој никогаш не постоел во историјата на македонската револуционерна борба, или да си ги бараше „идентитетските корени“ во Шапкарев.

Потоа, откако доби по уши на јавна сцена поради сопствената неграмотност замолча за овие историски лица. Но се појави кај Лазо и ја отвори вратата. Тоа и му беше задача. Дотогаш оние вмровци–бугараши (по задача) кои во периодот на ВМРО-ДПМНЕ 1990-2003, имаа задача да го претставуваат ВМРО-ДПМНЕ како пробугарска партија, одеднаш станаа поклоници на ликот и делото на Колишевски.

Не се работи тука за обид за историско помирување на левицата и десницата во македонското политичко движење, туку се работи за измама врз граѓаните, но пред сѐ врз членството на ВМРО-ДПМНЕ и создавање на идеолошка празнина низ која секогаш лесно ќе може да флуктуираат комуњарите, во зависност од потребата на УДБА-КОС да бидат комуњари-комуњари или комуњари-вмровци. Како за тоа има потреба за налогодавачот и секако каков е интересот на семејствата.

Зошто се појави и ЗНАМ на оној од Куманово. Доколку добро се сеќавате, Димитриевски се појави „самостојно“ на политичката сцена по локалните избори 2021 година, а за јавноста прикажано како резултат на кавгата со Заев за тоа дали ќе добие втор мандат за градоначалник на општина Куманово. Таа временска рамка се поклопува со чествувањето на Колишевски од страна на Мицкоски во Социјалистичката партија. На тие избори токму „нашите“ го продадоа Тони Михајловски како наш од ВМРО-ДПМНЕ кандидат за градоначалник на Куманово, за што самиот Михајловски стана свесен за заткулисните договори и игри на Мицкоски токму во самата кампања, од која неформално се повлече.

Точно беше планирано дека Заев незапирливо паѓа и дека е нестабилно – диво месо – црпнат во СДС, а дека токму семејствата на УДБА треба да се трансферираат повторно од СДС во ВМРО-ДПМНЕ. Тука немаше проблем со Мицкоски, бидејќи тој е во истата шема поставен од претходно (односно подметнат во ВМРО-ДПМНЕ, но за што е потребна посебна колумна за да се објасни). Во тој контекст, приватно–службените преговори и договори помеѓу Заев и Мицкоски имаат значење исклучиво за нив двајцата во контекст на лични бизниси и зачувување на „стекнатиот“ имот, пред сѐ финансии, како и заштита од евентуален кривичен прогон, и тоа е повторно одобрено од УДБА-КОС (читај семејствата – комуњарите вмровци).

Така ЗНАМ и влезе во коалиција со Мицкоски. Токму со Мицкоски, не со ВМРО-ДПМНЕ, иако за тоа никогаш не се зборува во нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, не пак да се води некаква сериозна дискусија заснована врз длабока политичко-идеолошка анализа и антиципирање на иднината. Со коалицијата на ЗНАМ и Мицкоски за оние кои може да видат се покажува киднапирањето на каузата на ВМРО од страна на комуњарите-вмровци. ЗНАМ е всушност мостот кој треба да ја има улогата за повторното враќање на комуњарите во СДС но под цврста контрола на УДБА-КОС. Тоа враќање нема да го видите утре. Тоа е сериозна акција која сега се спроведува, а ќе се реализира во оној момент кога ќе стане целосно јасно (јасно за семејствата на УДБА-КОС) дека Мицкоски дефинитивно ја завршил својата улога, односно ја исполнил поставената задача и ги потрошил неколкуте години (изборни циклуси) и ја спречил Македонија да биде дел од ЕУ и се приклучи кон целиот нормален цивилизиран свет. Во тој нормален, уреден, цивилизиран свет ќе нема место за комуњарите – комуњари и комуњарите – вмровци, нивните семејства и контролата од УДБА-КОС.

Не дека нивното присуство и обид за контрола во потполност ќе исчезнат. Ова не е песимизам, туку реалност. Но, таа контрола и присутност нема да биде пресудна за Македонија и нема да ја држи заробена како овие 35 години, но и пред тоа од 1945, а и пред тоа од 1918. Едноставно, таа контрола ќе биде периферна, затоа што ќе има демократска и финансиска контрола од институциите на ЕУ, но пред сѐ, за следните дваесет години ќе дојдат нови генерации кои ќе бидат образовани во Европа и светот со вистинско знаење, граѓаните ќе ги чувствуваат личните благодети од членството во ЕУ со што ќе се смени јавното мислење и перцепцијата за личните и државните потреби. Тоа најмногу ќе го ослаби влијанието на комуњарите-вмровци, односно на УДБА-КОС и сите нивни лостови за контрола на јавното мислење и политичките движења во државата. Но најмногу ќе ги урне мостовите за преминување од една на друга политичка страна (навидум различна, но потполно иста).

Мицкоски нема да се спротивстави на овие процеси. Впрочем, тој е поставен на чело на ВМРО-ДПМНЕ токму за да може без проблеми и отпор да се реализира планот за трансфер на комуњарите-комуњари во ВМРО-ДПМНЕ, во комуњари-вмровци. Затоа и ќе слушнете апатични изјави во нашата ВМРО-ДПМНЕ дека нема потреба од демократија. До степен дека демократијата е опасна за опстанокот на партијата. Тоа е директната идеолошко-политичка последица од влијанието на комуњарите-вмровци врз идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ и киднапирањето на каузата. Дополнително, тука е личната – семејно – удбашка поврзаност на Мицкоски со семејствата на комуњарите-вмровци на кои им должи од времето кога беа комуњари-комуњари.

Оттука, нема простор за било каква убеденост во тоа дека ќе се случи чудо и дека Мицкоски ќе го смени својот политички правец и ќе ја помрдне Македонија кон ЕУ. Ова посебно треба да ни биде јасно нам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и на претставниците на ЕУ и САД во Македонија, какви и да убави раскази им раскажува Мицкоски. За очекување е да до крајот на неговиот мандат македонските граѓани дополнително осиромашат, што за комуњарските-вмровци не е проблем, бидејќи тие се обезбедени со народните пари – нашите пари уште од времето кога беа комуњарски-комуњари и немаат потреба од Македонија, освен како „крава музара“, односно terra incognita во која можат да си го штитат својот „стекнат имот“ без последици. Впрочем нивните семејства не живеат постојано во Македонија, најмногу се надвор, токму на Запад во ЕУ, против кој ги насочуваат граѓаните овде во Македонија.

Од друга страна, СДС со Филипче е збунет, спорооден, дезориентиран, без идеја, без јасна политичка цел, со многу внатрешни противречности и амбиции за негова смена. Тоа е и причината зошто Црвенковски, комуњарите-вмровци и инсталациите на УДБА-КОС водат операција за преземање на СДС од страна на оние „дванаесет и пет“ групација. Во таа операција ЗНАМ треба да се врати во „новото“ СДС и да се прогласи обединување, по кое комуњарите-вмровци повторно ќе станат само комуњари-комуњари.

Динамиката на овие магични трансфери на ликови и промена на маските ќе зависи од тоа колку бргу ќе паѓа Мицкоски. Како што тргнал, падот ќе му биде многу бргу, затоа и се забрза процесот со оние од „дванаесет и пет“, но пустото, Филипче не се фати на мамката да побара предвремени избори и на тој начин да го предизвика сопственото заминување од челото на СДС, а да им даде уште еден изборен циклус време на УДБА-КОС семејствата да без брзање со новата марионета во СДС го подготват трансферот од комуњари-вмровци во комуњари-комуњари. Но поради одбивањето на Филипче да им побара предвремени избори и да имаат алиби, како и поради стрмоглавиот пад на рејтингот на Мицкоски, пред сѐ поради него самиот, на семејствата на УДБА-КОС им се брза да најдат сигурен модел да ги прелажат македонските граѓани и да извршат трансфер неопходен за купување на уште еден или два изборни циклуси преку држење на Македонија во лимбо состојба. Ќе биде интересно да видиме кого ќе го најдат за да им биде понтонски мост за преживување. Дури не ме изненадува обидот во тоа купување време да им помогне и ДУИ од каде веќе најавуваат идна коалиција со Мицкоски.

Проблемот се овие од ВЛЕН и нивните врски со Курти (преку Курти со Вучиќ), како и врските и долговите на Мицкоски кон Вучиќ. Проблемот е и неизвесноста дека Вучиќ ќе победи. Затоа и немаат време за пеглање на овие односи и се надеваат на стабилизирање на регионалната слика на УДБА-КОС со завршување на изборите во Србија и Косово, а потоа да се реши што ќе се прави со Македонија – дали ќе се оди на предвремени избори или ќе се работи динамично во преостанатата една година од политичкиот живот на Мицкоски, но и на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе ја доживее судбината на СДС а во насока на наоѓање нов понтонски мост. Купувањето време е основната задача покрај правењето пари на семејствата на УДБА и КОС во Македонија. Во тој контекст не би бил изненаден доколку во оваа трансакција на време и ликови свое место и улога најде и Левица.

Во времето на Ковачевски, времето го купуваа со пласирање на расказите за ЕУ пред домашната, но повеќе пред европската политичка јавност. Токму таа европска политичка јавност го врза за дрво Ковачевски да не падне во надеж дека овој ќе испорача европска агенда за Македонија. Всушност, целта не беше европска агенда, туку до крај да се подготви теренот Мицкоски да добие поддршка од 430 илјади македонски граѓани, а комуњарите-комуњари да станат комуњари-вмровци и кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, и да си ги заземат функциите кои им беа наменети за да продолжат со кочењето на Македонија.

Тоа што во Македонија е потребно за да се оневозможи повторниот трансфер на комуњарите-вмровци од ВМРО-ДПМНЕ во комуњари-комуњари во СДС, е во рацете на Филипче, пред сѐ. Не го глорифицирам, бидејќи во врска со политиката не е за глорифицирање. Човекот едноставно не води ниту еден политички процес во државата. Но тој ја има во овој момент шансата да не дозволи повторен трансфер на комуњарите-вмровци во комуњари-комуњари. Тој може да ја прекине таа децениска игра, но за тоа треба лична храброст, пожртвуваност и политичка осмислесност и активизам.

Видете само како убаво му го сместија ова со модуларната болница, а Мицкоски веднаш го употреби наративот за корумпирано судство и во продолжение на тоа ги надоврза и Ласкарци и случајот на Стевче Јакимовски. Не дека судството е за машала, но дилемата е: „Што правеше Мицкоски две и кусур години досега и не го промени судството“?

Тоа што требаше да го направи Филипче, требаше да го направи веднаш и тоа од собраниската говорница, да го стави на располагање својот пратенички имунитет и да го предизвика, токму Савевски (кој седи кај Мицкоски в скут) да го приведе доколку има основа, но во исто време да го приведе и Кочо Анѓушев, Заев и сите за кои има сознанија дека сториле кривично дело и за кој е поведена кривична постапка. Да предложи преку пратеничката група на СДС своја верзија на Кривичен закон со строги, високи казни и незастарување на делата против буџетот на државата. Филипче немаше храброст за такво нешто, и мислам дека советниците онака улагувачки му имаат советувано сосема нешто друго, во стилот да не ризикува и да не ја ризикува партијата од распад. А таа СДС во распад, па дотука. Токму комуњарите-вмровци му го подготвуваат тој распад за да создадат погоден терен за премин и повторно станат комуњари-комуњари. Но за борба против овие структури треба да се има храброст (да не употребам друг термин кој го употребуваат мажите) и политичка идеја што се сака да се постигне.

Во очекување на распадот на СДС, негово преземање од комуњарите-вмровци и нивно повторно преобразување во комуњари-комуњари, драстичното паѓање на рејтингот на Мицкоски, пред сѐ поради неталентираноста и очигледните лаги, аздисаност, арогантност и секојдневното тресење глупости, поради што служи за потсмев во јавноста, ќе видиме како ќе се однесуваат комуњарите-вмровци во текот на тешката есен која е пред нас и ќе го следиме нивниот трансфер во комуњари-комуњари. Тој трансфер мора да овозможи и зачувување на политичко-идеолошката матрица на авторитаризам во партиите пренесен врз општеството – државата.

Индикатори ќе има многу, од избори во Уставен суд, па до смени на судии и „избор“ на обвинители (ликови), фалби дека гинат за Македонија, шетање по локални градилишта, божем расправи во Собранието, хумористични изјави и сцени дека сме први, втори, трети во Европа и светот, забава за толпата, и секакви „чуда“. Треба да се купи време за да се избере најдобрата варијанта за опстанок на семејствата на УДБА и КОС. Во меѓувреме македонските граѓани треба да се држат во шашардисана состојба – анестезирани, кон која ќе придонесе и Мицкоски со тресењето глупости и предизвикување подбивање со него. За нашите сопартијци во ВМРО-ДПМНЕ и не станува збор, тие по насока ќе бидат анастезирани.

Да живее комуњарството по комуњарството во жална Македонија.

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Дозволено е преземање со атрибуција и линк.


Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ