На вчерашната седница на Владата беше разгледана и усвоена информацијата во врска со назначувањето на националниот оператор на пазар на електрична енергија „МЕМО ДООЕЛ“ – Скопје за оператор на организираниот пазар на електрична енергија.
На предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ја донесе Одлуката за назначување на операторот на пазарот на електрична енергија за оператор на организираниот пазар на електрична енергија.












