• Latest

Владата го разреши досегашниот директор на Управата за извршување на санкциите

January 17, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата го разреши досегашниот директор на Управата за извршување на санкциите

January 17, 2023 14:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Владата на Република Северна Македонија на денешната 119-та седница донесе одлука со која Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите.

Информацијата за разрешувањето на првиот човек на Управата за извршување санкции следува еден ден откако премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната прес-конференција во Владата изјави оти почнал процес за селекција на нов директор на Управата бидејќи, како што рече, не е задоволен од работата на актуелниот, Марјан Спасовски.
Владата на истата седница ја разгледа и Информацијата за изработка на Проект за реконструкција и ревитализација на Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно и за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик.
Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште „Димитар Влахов” во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Битола, како што соопштија од Министерството за култура, иницира постапка за негова реконструкција и ревитализација како Центар за промоција на македонскиот јазик.

Задолжено е Министерството за култура да ги преземе сите натамошни дејствија во врска со адаптацијата на училиштето „Димитар Влахов’’ во Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.Владата, на денешната седница донесе и кадровски одлуки.

Владата ја именуваше Вангелија Велева за директорка на Педагошката служба, по претходно отворен јавен оглас на којшто Велева е единствен уредно пријавен кандидат.

Владата, на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за информатичко општество и администрација, за извршени преговори на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Државата Израел, за соработка во областа на електронски комуникации и поштенски услуги и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот.

Овластен е министерот Адмирим Алити во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише Договорот.Воспоставувањето на соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Државата Израел за соработка во областа на електронски комуникации и поштенски услуги, како што е објаснето од Министерството за информатичко општество и администрација е со цел унапредување на трговските и техничките размени како од економски и социјален аспект, така и во насока на продлабочување на заемните врски за модернизација на електронските комуникациски мрежи.

Tags: владаодлукиразрешувањеседница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ