Владата работи на акциски план за справување со дезинформациите и лажните вести, објави премиерот Зоран Заев.
Овој предлог акциски план ќе биде ставен на разгледување и јавна дебата пред невладините огранизации и граѓаните. Акцискиот план содржи безбедносни и проактивни мерки.
Безбедносните протоколи предвидуваат: ревидирање на протоколите на институциите, надградба на протиколите, како и зајакнување на ИП контролата.
Целта на изработката на акцискиот план, како што кажа е да се зајакне националната безбедност и сигурност, а за планот ќе се консултираат и со граѓанскиот сектор и со медиумите.
Тој информираше дека акцискиот план има две компоненти, безбедносни и проактивни мерки. Исто така, ќе се формира акциска група за борба против дезинформации која ќе анализира и ќе ги следи нападите. Групата ќе ја води министерот за отчетност, Роберт Поповски.
„Како што знаете и мојот мобилен телефон е нов со посебна заштита“, рече Заев.
Проактивните мерки подразбираат – дополнителна транспарентност и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.