Владата нема да бара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче. Во одговорот на новинарско прашање во однос на истрагата што ја води Основното јавно обвинителство за набавката и употребата на МРП вакцината, портпаролот на Владата не го споменува името на министерот Филипче, реагираат од Владата.
„Нека се изјасни прво Министерството. Не може да прејудицираме, станува збор за истрака која е отворена, ќе видиме, нека заврши истрагата“ , претходно изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски по однос на отворената истрага на Министерството за внатрешни работи по наредба на обвинителството за МРП вакцините кои беа пронајдени со декларации со истечен рок на употреба.
Б. Ј.