Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од објавување на имињата и надоместоците на советниците и соработниците на членовите и на претседателот на Владата, како прифаќање на препораката на ГРЕКО.
Согласно оваа препорака, Владата ги задолжува и Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, кабинетите на замениците на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, кабинетот на генералниот секретар на Владата и кабинетите на министрите во Владата на Република Северна Македонија да ги објават, во рок од 10 дена, имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници согласно позитивните прописи на Република Северна Македонија, како и редовно и ажурно да ги објавуваат споменатите податоци во иднина.