• Latest

Владата уверена дека ќе нема одлагање на пописот

March 19, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Владата уверена дека ќе нема одлагање на пописот

March 19, 2021 16:08
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 82.000 наши сограѓани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во креирањето поквалитетни политики за подобра иднина на татковината, објави на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.

– Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се!, напиша Заев на Фејсбук.

На тој начин ќе знаеме, додава премиерот, како да ги подобриме услугите на дипломатско-конзуларните претставништва, но и ќе можеме да го искористиме потенцијалот на дијаспората за развојот на Северна Македонија и за промоција на земјата во светот.

– Самопопишувањето е многу едноставно, а личните податоци се целосно и најстрого заштитени, вели претседателот на Владата.

На новинарско прашање што ќе се преземе доколку не се пополни бројката и на овој конкурс за попишувачи, Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика  рече дека се сигурни дека ќе го имаат потребниот број попишувачи и дека ќе можат со полн капацитет да ги почнат пописните активности на 1 април.

Таа рече дека на почетокот од процесот на попишувањето на дијаспората се почувствувал тивок бојкот, но дека последниве денови наративот е сменет и дека и организации на нашинците се вклучија со повици и апели за учество во пописот и, како што истакна, нагласуваат дека е патриотски чин и долг кон државата да се дадат податоци зашто тие се потребни за развој на државата.

„Кампањата на државата насочена кон дијаспората пред сѐ е дизајнирана преку социјалните мрежи и преку активностите на дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство. Сметаме дека кампањата добро се одвива и дека добро се информираат луѓето во дијаспората“, рече Георгиева.

Таа нагласи дека не се оправдани страхувањата во дијаспората од злоупотреба на личните податоци, бидејќи секоја злоупотреба на туѓи податоци е кривично дело како според Законот за попис, така и според Законот за заштита на лични податоци. Георгиева додаде дека софтверот за електронскиот попис е така создаден што регистрира давање на погрешни податоци или нивна злоупотреба, бидејќи секое давање на податоци остава трага која може да се следи.

Од Владата  соопштија  дека попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва, припадниците на АРМ во странство, затворениците и бездомниците, или првата фаза од пописот, заврши, а целата операција ќе се спроведе успешно, за што гаранција се строгите протоколи.

Додека првата фаза заврши, процесот на самопопишување на дијаспората преку веб-апликацијата продолжува и надлежните уверуваат дека се одвива без проблеми и дека се отстранети сите технички проблеми со кои граѓаните од дијаспората се соочуваа на почетокот. Заклучно со денеска, попишани се над 82 илјади наши сограѓани од странство. Најмногу од Швајцарија – 26 000, Германија – 19 000 и Италија со над 10 000. Од Владата апелираа уште еднаш дијаспората да се попише за што можност има до 21 април.

Од 1 па до 21 април, пак, треба теренски да се спроведе пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава. Според Владата сите активности се одвиваат во насока дека пописот ќе се спроведе а гаранција дека нема да има потреба од одлагање е строгиот протокол и соодветната обука на попишувачите.

Сите одлуки, посочи Арсовски, Владата ги донесува врз основа на став на Комисијата за заразни болести, кој се разгледува на главниот Координативен кризен штаб, од каде што заклучоците одат на седница на Влада.

Во меѓувреме, во тек е третиот дополнителен повик за пријавување на попишувачи, кој е отворен до утре. Досега се завршени обуките на државните инструктори, кои заедно со комисиите на пописните региони ќе го организираат тестирањето на кандидатите кои се пријавуваат на дополнителниот конкурс за попишувачи.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ