• Latest

Владимир Путин, две децении авторитарно владеење со Русија

August 9, 2019
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Владимир Путин, две децении авторитарно владеење со Русија

Нејтан Хоџ од Си-Ен-Ен подготви извонредна анализа на дводецениското авторитарно владеење на Владимир Путин. Ви пренесуваме неколку клучни извадоци од анализата.

August 9, 2019 17:35
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На несанкциониран фестивал на улична уметност во градот Екатиринбург на почеток на годината, уличниот уметник  Филип Козлов – познат Филипензо – нацрта графити – слики на балерини кои танцуваат на Лебедово Езеро, алузија на балетот кој беше емитуван за време на пучот против советскиот лидер Михаил Горбачов во август 1991 година.

“Веќе 20 години чекаме со надеж за балетот“, беше наведено во субверзивниот наслов, со јасно упатување на двете децении владеење на Путин.

На 9 август, 1999 година, руската историја се промени засекогаш. Тогашниот претседател Борис Елцин го именува Владимир Путин, неговиот поранешен шеф на домашната разузнавачка служба, за вршител на должноста премиер.

Се чинеше дека ќе се работи за назначување со краток век. Претходникот на Путин само неколку месеци остана на работа, а Елцин беше сведок на тројца други премиери како доаѓаат и си заминуваат по финансискиот колапс во август 1998 година.

Во тоа време, Путин не поседуваше ниту една аура на светски лидер. Пред да влезе во администрацијата на Елцин, тој имаше голема кариера зад сцената, како советник на градоначалникот на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак. Тој потоа се пресели во Москва за да работи за Секторот за управување со имотот на Претседателот, што претставува неверојатна отскочна даска за државна работа.

Но, за помалку од шест месеци откако беше назначен за премиер, Елцин неочекувано му го предаде претседателството на Путин на новогодишната ноќ во 1999 година. Тоа историско изненадување го стави во движење подемот на Путин до неспорен лидер на Русија.

Еден фактор беше јасен: мускулниот одговор на Путин кон домашниот тероризам. Во септември 1999 година, низа мистериозни бомбашки напади на станови однесоа стотици животи во неколку градови низ Русија и ја парализираа земјата од страв.

Руските истражувачи заклучија дека нападите биле извршени од страна на исламски екстремисти. Но, противниците на Путин – најпознатиот, прогонет тајкун Борис Березовски и поранешниот руски шпион Александар Литвиненко – продолжија да ја промовираат темната теорија на заговор дека руските безбедносни служби биле вмешани во монтирањето на бомбашките напади на становите, како провокација чија цел била да изнудат воена акција во Чеченија .

Грозни, Чеченија, пред 24 години по нападот на Москва

Березовски беше пронајден мртов во неговиот замок надвор од градот во Велика Британија во 2013 година, очигледно самоубиство. Литвиненко почина откако беше отруен од полониум-210 во Лондон, убиство за кое истрагата во Велика Британија заклучи дека најверојатно било режирано од Путин.

Соба за измачување во Славјанск, источна Украина, за време на руската инвазија

Машината за создавање митови ќе работи неуморно во текот на следните две децении за да се рафинира тој имиџ на Путин како човек од акција.

Воената кампања во 1999 година во Чеченија, исто така, го создаде и образецот за начинот на војување на Путин. Руските сили го израмнија бунтовничкиот главен град Грозни. Сликите од разрушениот град би изгледале неверојатно слични на опколените сириски градови како Алепо, кои би биле под интензивно бомбардирање од страна на руските воени авиони, откако Путин започна воена интервенција таму во 2015 година.

Децата бараат засолниште во подрум одвај прешивувајќи го руско бомбардирање

Анексијата на Крим имаше своја цена: Русија беше погодена од економски санкции од страна на САД и нејзините сојузници. Овие санкции удрија по џебовите на обичните Руси, но малку влијаеше на престижот на Путин. Путин, исто така, се држеше до политика на строга фискална дисциплина: На почетокот на ова лето, руската Централна Банка потврди дека девизните резерви достигнале 500 милијарди американски долари.

Руските државни медиуми малку имаат сторено за да ги одбележат двете децении владеење на Путин. Но, по 20 години на власт, некои пукнатини почнуваат да се покажуваат во неговата фасада како лидер.

Руски војници и парамилитарци малтретираат цивили во источна Украина, за време на инвазијата во 2014 година
Украинските заробеници беа подложени на невидена тортура и вонсудски егзекуции, јуни 2014 година

Фактот дека јасен наследник за Путин се нема појавено е првото нешто што и паѓа на памет на политичката класа на Русија. Според законот, Путин мора да се повлече откако ќе му заврши неговиот следен мандат во 2024 година.

Но, многу набљудувачи шпекулираат дека Путин може да изнајде начин да се задржи на должноста, слично како претседателот Кси Јинпинг од Кина, или како поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, кој формално се повлече, но кој сè уште држи формални лостови на моќ.

Подготви: Б. Јордановска


Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ