• Latest

Владина поддршка од 17 милиони евра за канализациони и водоводни системи

April 21, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владина поддршка од 17 милиони евра за канализациони и водоводни системи

April 21, 2018 14:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 17 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградба на канализациони и водоводни системи низ општините во државата. Дел од средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а дел преку Европската инвестициска банка. 

Проектите ќе се реализираат во соработка со отштините, а целта е да не остане ниту една општина каде ќе нема чиста вода.

„Ниту една општина нема да биде запоставена. Владата ќе работи на рамномерен развој и распределба на средствата во руралните средини и ќе овозможи подобрување на животот и здравјето на граѓаните со изграба на планираните канализациони и водоводни системи. Паралално со ова, при крај се и разговорите за финансирањето на проекти од ТАВ во вкупна вредност од 35 милиони евра и дополнителни средства од 25 милиони евра од заштеди од државни институции кои ги направивме во изминатиот период“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Со ваквата владина поддршка, процентот на покриеност со канализациони и водоводни мрежи од сегашните 18 проценти ќе се зголеми на 40 проценти.

„Нашата цел до крајот на мандатот е да им помогнеме на локалните заедници, овој процент на покриеност со канализациона мрежа да биде максимален“, рече Заев, најавувајќи буџетска поддршка за замена на водоводните азбесни цевки и формирање на фонд за поддршка на проекти од општините.

Покрај ова, од Министерството за транспорт и врски информираат дека во тек е реализацијата и на проекти за изградба на канализациони и водоводни системи во вредност од околу 11 милиони евра.

„На располагање остануваат околу 12 милиони евра неискористени средства од кредитната линија од ЕИБ. Затоа ги повикуваме сите општини кои се уште имаат на располагање средства, да побрзаат, да достават готови проекти до Министерството за да можеме да ги реализираме“, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на прес-конференцијата во Владата.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаГоран Сугарескиинвестиции
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result