ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Мијалков ја имаше својата агенција за обезбедување СГС. На нејзино место е дојдена агенцијата Рубикон и нејзината конституција е исто така идентична со претходна – имаат раширена мрежа, се потпираат на партиски и државни објекти што треба да ги обезбедуваат.
А и во јавноста се експонираат како видлива „лепенка“ до системот и клучните луѓе. На премиерот му е јасно дека со апсењето на високо рангираниот функционер Александар Нацевски, како шеф на истата, дел и од официјалната безбедност како и Мијалков, истрагата за пожарот во Пулс оди кон врвот на трите државни вертикали кои почнуваат од соодветните министерства па одат надолу.
Впрочем, тројца службеници на оваа агенција беа уапсени уште првата вечер по пожарот ама власта беше убедена дека ќе го држи дисциплиниран републичкиот јавен обвинител се до пред некој ден. Се чини се излажа и се плаши дека ќе има и други слични чекори. Што би било логично. Иако нема многу денови до определениот крај на истрагата (што е само по себе глупаво определување како рок!).
Кампањата против Љупчо Коцевски веднаш се појави на клучните медиуми наклонети кон Мицковски ама мора да се знае дека тој притисок има и друг крај, кој се виде во саботата во Кочани. Има и друга јавност.