• Latest

ВМРО АМНЕСТИЈА

February 5, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ВМРО АМНЕСТИЈА

February 5, 2023 22:13
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ЧУПЕСКА

Повторно под хипнотичното дејство врз медиумите и воопшто врз јавноста, која со опсесивна фиксација се бави со “бугарските” егзибициски изјави, во Собранието се протнува вмровска инцијатива за донесување на закон за амнестија за осудените од 27 април. За, Крвавиот Четврток!

Reality check, hallo !

Ок, ќе рече некој, тоа си е сосем легитимна приказна. Некои популарни адвокати го напишале текстот на таквата иницијатива, а се разбира дека ВМРО го “ускладиле” и “дотерале” по нивен терк и тоа е тоа. И, иако се чини се ок,сепак, не е баш така.

Фундаментално важно е дека помеѓу осудените за овој срамен и безочен атак има три категории на осуденици.

1.Високи функционери на ВМРО ДПМНЕ – кои биле на високи функции во извршната власт за време на атакот;

2.Лица кои биле професионално вработени во МВР – со основна дејност и задача за заштита на Уставниот поредок и на безбедноста на државата и граѓаните;

3.Лица подведени или хипнотизирани од горенаведените (инспиратори) да извршат насилство и напад на највисокиот законодавен дом: Собранието!

Меѓу сиве овие има значителна разлика !

Оттука, и нивото на одговорноста кај сите овие групи е различно.
Тоа се однесува како на кривичната, така и на етичката и моралната одговорност. Тука би сакала да се задржам на кривичната, со една нужна дистанца дека иако не сум кривичар, сепак мислам дека “могу да погледам”.

Имено, ВМРО ДПМНЕ е децидна и бара АМНЕСТИЈА БЕЗ ИСКЛУЧОК , т.е. смета дека таа треба да се однесува на сите?!

Џизс Крајст?!

Од настанот поминаа скоро 6 години, а како и за многу други суштински работи, од ВМРО ДПМНЕ сеуште не сме слушнале јасна јавна осуда на настаните, ниту пак некакво оградување од нивните високи функционери – популарни во тоа време. Поточно, на оваа тема сеуште се д’тка, пелтечи, и се пењават вмровците.

Во оваа пак новонастаната амнестивна дмпнеовска иницијација, главната дилема е: каква е вистински нивната улога во нашиот поредок, кога во тек е акутно и интезивно реформирање на неефикасното судство; и, дополнително, каква е нивната улога во акутната аспирација за борбата со корупцијата (повторно, во судството)?!
Каква е, мили мои дмпнеовската улога, се прашувам ?

Значи, кога зборуваме за ампутирање на влијанието на политиката врз судството и следствено, за нашата нужна потреба за независноста и непристрасноста на судиите… како рефлектираат овие притисоци кон “амнестијата за сите подеднакво и без исклучок” е клучно прашање!

Со други зборови, со вака поднесениот и образложен предлог закон за амнестија, се чини дека најгрубо се газат сите “ наводни” заложби на Мицковски и на неговите пријателите за “некриминална држава” (како што често кажува)…

Ми се чини дека неодговорно е сите осудени да се стават во ист кош, а консеквентно, очигледно недостасува и образложение за секој од нив поединечно.
Затоа што не е иста одговорноста на “тој и тој”, компаративно во однос на некој “друг”! На пример на некој граѓанин кој понесен и хипнотизиран од толпата (но претходно инструиран, изманипулиран, можеби потплатен за да го сторил делото мислејќи дека е uber херој), од една страна; и на некој кој бил на највисокото скалило во безбедносниот систем и организирал и потикнувал извршување на кривично дело, од друга страна!
Или посликовито не е иста одговорноста на “чавката” и на хипнотизираните…

Дали, се разбираме ?!

Ако не се разбираме, молам да се консултираат наводите за одговорноста на Трамп во налетот врз Capitol Hill…или можеби нинбершките процеси и диференцијацијата на квалификациите…

Сакам да кажам, одговорноста на раководните функионери е неспоредлива со одговорноста на хипнотизираните “уставобранители”, а ова освен што е легитимна кривична консидерација , воедно е и етичка и морална. Не е политичка!

Уштеповеќе што, вака : со изедначувањето на сите; фактички се врши и најдиректен политички притисок на судството!

Зошто?!

Затоа што ова ако помине вака како што си планирате, сигурно нема да влијае превентивно во некои идни вакви амбиции на некои си политички субјекти, туку напротив, ќе стимулира сличи поведенија.
Поточно, ако пресудите се “укинуваат” на политичката говорница – резултатот сигурно нема да биде поврзан со она што сакаме да го истераме од судството!

Затоа, би замолила, за почеток да бидете јасни.

Што тоа сакате вие од ДПМНЕ?

За кого поточно сакате амнестија?

Кажете што е и кава е таа “олеснителна” околност – но, за секој поединечно!?

На овој начин, можеби и вие самите ќе дојдете до некои одговори и сознанија, кои за жал сеуште ги “немате”; дури би рекла , можеби ќе делувате и поубедливо за да отпочне некоја конструктивна дискусија.

Конечно – да не се лажеме: престанете со логореата дека лицата се осудени за “тероризам” ! Затоа што – тоа не е точно. Лицата се осудени за “насилно рушење на државниот поредок”…..! И второво е сосема точно и докажливо.

Извор: Либертас


 

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

 

Tags: „крвавиот четврток“27 априамнестијаВМРО - ДПМНЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ