ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се распушти Собранието и да се распишат вонредни парламентарни избори, заедно со претседателските.
Лидерот на партијата вечерва пред партиското седиште на прес-конферениција изјави дека партијата е одлучна во барањето за предвремени парламентарни избори, откако претходно Собранието ги усвои уставните измени, кои произлегуваат со Договорот од Преспа.
„Според законските прописи и врз основа на минатото искуство на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и волјата на мнозинството граѓани ќе биде испочитувана. Потребни се избори на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи, народот ќе каже каква Македонија сака сака Северна Македонија на Заев, понижена и засрамена или Македонија на народот, горда, напредна и почитувана“, рече Мицкоски.
На прашањето кои се следите чекори на партијата, Мицкоски одговори дека тоа ќе се види во периодот, кој следи, а не ја исклучи ниту можноста за бојкотирање на Парламентот.
„Сите опции се отворени. Ова што денеска се случи е црн петок за Република Македонија, за граѓаните, за македонскиот народ, за македонската нација“, додаде тој.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на уставото име на РМ , промената на идентитетот, на историјата.
„Тој став е непроменет и конзистентен и се темели на партиската идеологија, програма, резолуции, акти, документи е е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумот на 8 септември 1991 година и на 30 септември 2018 година. Одлуката за промена на името, идентитетот, културата, образованието, историјата е одлука на 81 пратеник, но не е одлука на македонските граѓани. Со ваква одлука се суспендирра волјата на граѓаните и самиот начин и постапките до кои се дојде со сето ова е чин на предавство“, нагласи Мицкоски.
М. И.