коментира: Дехран Муратов
Од ВМРО ДПМНЕ, чии пратеници не гласаа за покачување на минималната плата, денеска ја обвинија власта, предводена од СДСМ, дека граѓаните на Република Северна Македонија ја земаат најниската просечна плата на Балканот и меѓу најниските во Европа. „Повеќе од половина милион македонски граѓани денот го поминуваат со еден оброк, односно животот го поминуваат во сиромаштија“, велат од партијата.
Тие кои не саакаа(т) да се зголеми минималната плата, денеска обвинуваат дека е мала платата на граѓан(к)ите. Кој да ги разбере?!
На граѓан(к)ите не им требаат партиски лажни зборови, туку вистински дела. Денес, факт е дека граѓан(к)ите имаат повисока плата, иако пратениците на „загрижената“ опозиција не го подржаа покачувањето на минималната плата.