ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и црна пропаганда преку делење на изборен материјал (флаери), обвини портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на својот Фејбук профил.
„Само вие како фејк њуз ДПМНЕ продолжете со црнилата и со лажните вести.
СДСМ ќе победи со програма, со силна посветеност за подобрување на животот на граѓаните, со кадар, со позитива, со љубов, со силна демократија.
Граѓаните знаат кој крадеше, а кој ги враќа парите назад кај граѓаните! Знаат и како за време на владеењето на фејк њуз ДПМНЕ се делеа субвенции селективно! Знаат и дека наместо во семејните буџети вие од ДПМНЕ парите народни ги трошевте на жални врби и барок стиропорни фасади.
И сами знаете дека немате ниту компас ниту концепт и дека ќе изгубите катастрофално.
Тој што губи нормално е да биде испаничен, само продолжете така. Ние можеме уште повеќе и уште подобро!“, објави Костадинов.
Д. М.