ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе организира протести во 11 градови рива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар, со почеток од 18 часот.
„Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (30.11.2020) во 18:00 часот на протест во 11 градови. Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев“, стои во нивното соопштение.
Според СДСМ, Мицкоски се крие зад соопштенија за да не одговори со кои странски центри соработува и дали директно или преку посредници работи против сопствената држава.
„Во време кога се наоѓаме во многу важен период за македонската иднина, за членството во ЕУ но и иднината на државата граѓаните очекуваат Мицкоски да излезе и да одговори зошто овие серизони обвинувања не ги пријавил кај надлежните служби. ВМРО-ДПМНЕ, предводено од хистеричниот Мицкоски, работи против сопствената држава, масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби. Граѓаните знаат кој им штети на државните и национални интереси и затоа ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе бидат во опозиција“, стои во соопштението на СДСМ.