• Latest

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се спукаа околу тендерите и државните грантови

July 21, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се спукаа околу тендерите и државните грантови

July 21, 2018 17:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставки од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и од директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски во врска со грантот доделен од Фондот во висина од 160.000 евра за „Каст Инвест“. Тие ја обвини владејачката партија за нелегални тендери и донации, во време кое како што рече, целата јавност е фокусирана на прашањата околу името на Република Македонија, референдумот и договорот со Грција. СДСМ на тоа одговори дека „како одговорна партија отсекогаш се залага и ќе се залага за рамноправност, еднаквост и доследно почитување на правилата.“

„Никој не смее да биде фаворизиран, не смее да има судир на интереси, ниту пак расфрлање со народните пари, нешто што беше одлика на владеењеето на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, повикуваме да се проверат сите постапки и доколку се утврди каква била неправилност или конфликт на интереси, одлуките да бидат ревидирани и исправени.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

„Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било “чест и задоволство и голема радост” што фондот за иновации делел 10,5 милиони евра!. Па како нема да му биде кога на фирма во која што како сопственик тој фигурира негова компанија се доделуваат 160.000 евра”, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовскии го повика Јавното обвинителство да поведе постапка против Анѓушев и Деспотовски во врска со грантот.

Во своето соопштение, владејачкиот СДСМ вели: „Наместо да шири измислици и лажни, неосновани обвинувања, додека во позадина бара амнестија за криминалите, ВМРО-ДПМНЕ да одговори како и на кој начин стана најбогата партија во Европа со имот вреден 60 милиони евра додека Македонија тонеше во долгови. ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е симбол на криминал и корупција нема никаков кредибилитет да зборува за јавните набавки, бидејќи токму таа партија бесрамно делеше буџетски пари на партиски членови и послушници, меѓу кои и тендер од над еден милион евра на новинарка и уредничка на два медиума блиски до ВМРО-ДПМНЕ.“

СДСМ потсетува дека „јавноста многу добро знае како братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков ја киднапираше целата македонска економија, како двоецот Јанакиески и Груевски договараа провизија од над 25 милиони евра за автопатите, како со милионски суми народни пари се поткупуваа и контролираа бројни медиуми.“

Наспроти тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Анѓушев фигурира како сопственик во фирма – допитник на грант од државниот Фонд за иновации, СДСМ тврди дека „неточни се шпекулациите на ВМРО-ДПМНЕ за вицепремиерот Кочо Ангушев. Вицепремиерот во целост го испочитува Законот за судир на интереси со стапување на функцијата и се откажа од управувачките функции во компаниите каде што има сопственост, во меѓувреме ја продаде компанијата ЕДС за да се избегне токму судирот на интереси, а целосно транспарентно го објави и анкетниот лист.“

СДСМ ги демантира сите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ и соопштува дека оваа партија „шири лаги и за тендерот на Министерството за здравство. За конкретниот тендер се уште нема одлука и смешно е да се бара негово поништување, бидејќи тој се уште не е доделен.“ Тие го повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да не крева паника несоновано. „Правилата важат подеднакво за сите, а доколку се утврди каква било неправилност или судир на интереси ќе следува ревизија на одлуките. Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати и тоа го гледаат сите, освен ВМРО-ДПМНЕ којашто останува заробена во матрицата на криминал, корупција и расипништво.“ – се заклучува во соопштението на СДСМ, во одговор на обвиненијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕгрантовијавни набавкиСДСМсоопштенијасудир на интереситендери
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ