ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за интерпелација во собранието на министерот за здравство, Венко Филипче обвинувајќи го дека поважни му се провизиите за вакцини отколку животот на граѓаните.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче е најодговорен, за катастрофалното справување со корона кризата, му замеруваат за лошо менаџирање со набавката на вакцини, како и несоодветни мерки за запирање на епидемијата.