Најаваниот протест на ВМРО – ДПМНЕ против покачување на тарифата за електрична енергија започна во 14 часот пред Регулаторната комисија.
Како што најавија од ВМРО-ДПМНЕ, планот е со 10-20 автомобили еден час да ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.
Поворката ја сочинуваат десетици граѓани и автомобили.
На првите протести на ВМРО – ДПМНЕ што се одржаа во средата, беа нападнати новинари од екипата на Ал Џезира.
Протестите се одржуваат под мотото „Богата влада- сиромашен народ“.
Д. Т.
фотографија и камера: А. Зеќири
монтажа: Ариан Мехмети