ВМРО – ДПМНЕ со колона автомобили на Денот на револуционерната борба на Македонија протестира од Скопје, до Штип. Протестите започнаа во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром и завршија пред Собранието на Република Македонија каде се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
https://www.facebook.com/watch/live/?v=373668643880531&ref=watch_permalink
На автомобилите, освен официјалните партиски ,државни и „антички“ знамиња, имаше и знамиња на ЕУ и САД. По говорот на Мицкоски пред Собранието на Северна Република Македонија, парадата продолжува во Штип.
Овој пат, ВМРО – ДПМНЕ протестираат против „мафијата, и за правда и слобода“
Д. Тахири











