„Судството под политички притисок вчера ослободи лица обвинети за тероризам. Како услов за да се бранат од слобода за грозоморното убиство на петте момчиња кај Смилковско езеро, судот им определи мерка два пати во неделата да се јавувале кај надлежниот судија“, се вели во денешното соопштение до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ.
По одлуката на судот да ги преиначи мерките домашен притвор за Владо Јовановски и Борис Дамовски со 30 дневен притвор во истражниот затвор во Шутка, од партијата за денеска во 18 часот најавуваат протест пред затворот.
„Се апсат и притвораат луѓе само затоа што си ја сакаат земјата и затоа што гласно решиле да се спротистават на хунтата на Заев во нејзините намери за раскрчмување на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира се додека оваа криминална хунта се изживува со македонските патриоти, а од затвор пушта луѓе сторители на тешки кривични дела“, стои во соопштението од партијата.
М.И.