• Latest

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со различни гледишта околу економскиот развој

May 16, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со различни гледишта околу економскиот развој

May 16, 2018 12:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Македонија под водство на СДСМ забрзано оди кон банкрот. Министерството за финансии вчера се задолжи за над 16 милиони евра, тоа е второ задолжување во текот на месец мај, откако минатата недела власта позајми 9 милиони евра. Неоснованото задолжување, допринесе јавниот долг да надмине 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека само во првите три месеци од годината ново генерираниот долг изнесува над 300 милиони евра, а при тоа нема ниту една капитална инвестиција, а економијата тоне.

„Градежништвото, еден од носечките столбови на економијата е во пад. Бројот на издадени градежни дозволи е за 45% помал, а истовремено нивото на реализирани капитални инвестиции во првиот квартал од 2018 година е само 7.4%, ова е јасен показател дека економијата тоне. Економските услови се сè полоши, покачувањето на акцизата на нафтените деривати е дестимулативно за економијата, исто како и најавеното покачување на данокот на доход“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека власта не знае да ја води државата, и дека Република Македонија, со СДСМ на чело, само може да стагнира.

„Додека картелот неконтролирано се задолжува, сиромаштијата се повеќе се зголемува. Платите наместо да растат се намалуваат, во месец февруари просечната плата падна за 867 денари, нема покачување на социјалната помош, нема покачување на пензиите, нема покачување на платите. Граѓаните се излажани и изманипулирани. Оваа неодговорно однесување мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата што остави пустош во секое поле, и најмалку е повикана да зборува за состојбата во државата. Владата предводена од СДСМ иако наследи разнишан систем, со домаќинско и одговорно работење успева да ја стабилизира економијата и да ја врати довербата на граѓаните во институциите.

„Клучните ветувања за почетокот на мандатот се реализирани. За само 11 месеци, Владата предводена од СДСМ направи повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години. ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја приватизира државата и со расипничко и криминално владеење да им наштети на граѓаните. Новата Влада преку домаќинско и транспарентно работење покажува како се работи во корист на граѓаните кои ги чувствуваат придобивките од спроведените мерки коишто овозможуваат економски раст и повисок животен стандард“, додаваат од СДСМ.

Од партијата потенцираат дека успешните економски политики овозможија државата да добива најниски економски стапки во историјата.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: банкротВМРО-ДПМНЕекономијаЗадолжувањанајниски економски политикиСДСМ
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result