Собранието на Република Македонија утре во 11 часот, треба да ја почне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците. Овој закон е вратен од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, без потпишан указ и со бројни укажувања.
Седницата за овој закон претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа во предвидениот рок и го стави на повторно гласање. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за овој закон поднесе рекордни над 32.000 амандмани. Толкав број амандмани досега не се поднесени за ниту еден закон во Собранието.
Ова нема да биде првпат Собранието да биде блокирано од илјадници амандмани, ДУИ тоа го направи со 15 000 амандмани за Законот за бранители, а илјадници амандмани имаше и за Изборниот законик во 2007 година, по што Никола Груевски и Али Ахмети го потпишаа Мајскиот договор и заминаа на избори.
Д.М.