„Во Виница малолетници се ослободени од училиште, за да присуствуваат на партискиот штанд што Унијата на млади сили на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го отвори во изборни цели. Ова е недозволиво и мора да се спречи!“, реагира граѓански новинар од Виница, којшто до ЦИВИЛ Медиа испрати и фотографија.
Според граѓанскиот новинар, ваква слика не е реткост во Виница, зашто ОК на ВМРО-ДПМНЕ, преку Унијата на млади сили, ги инструира малолетниците за учество во изборната кампања. Со тоа се обидува да ја зголеми бројноста околу штандовите и да создаде впечаток за силна поддршка за кандидатот за градоначалник од оваа партија, Мартин Павлов.