• Latest
Новите полицајци на промоцијата ја пеат „Бисер балкански“, април 2024

ВМРО се врати во МВРО, ги злоупотребија новите полицајци во националистички цели

April 28, 2024
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

ВМРО се врати во МВРО, ги злоупотребија новите полицајци во националистички цели

Се промовира ли Тошковски во војвода од 21 век што ќе го ослободува Солун? Нека оди да ја пее таа песна тој лично во Солун, а не да злоупотребува и поттикнува тука млади момчиња на национализам.

April 28, 2024 13:35
in МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Новите полицајци на промоцијата ја пеат „Бисер балкански“, април 2024

Новите полицајци на промоцијата ја пеат „Бисер балкански“, април 2024

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Дали молчешкум гледаме во цунамито на нацизмот, пардон, национализмот?

Медиумите како да се одушевени од тоа што новите полицајци на промоцијата „громогласно“ ја запеаја „Бисер балкански“ и никој не ги поставува овие прашања:

1. Зарем навистина „во чест на Тошковски“ ја пееја таа песна? Кој ги поттикнал? Дали ВМРО на голема врата се врати во МВРО?

Еве го одговорот за кој треба еден или два телефонски разговора за да ги потврдите информациите од два извора. Според извори на Рацин.мк во МВР, за овој чин биле „врбувани“ десетина питомци од новата генерација полицајци на кои им сугерирале да ја запеат песната кога на црвениот тепих ќе се појави министерот Тошковски. И тие така постапија. Песната по инерција, веројатно ја прифатиле и уште еден дел од новопромовираните полицајци, но нема сомневање дека станува збор за претходно договрено сценарио. Само наивен може да верува дека сето тоа било спонтано.

2. Дали сите 508 нови полицајци се Македонци?

Не, меѓу нив има сериозна бројка припадници на другите етнички заедници – Албанци, Роми, Турци, Власи и други. На таа избалансираност се внимаваше во последните седум години, особено.

3. Има ли меѓу нив Албанци, Турци, Роми? Како се чувствуваа тие кога се пееше „сплоти ти егејски со бистри води вардарски“?

Само можете да замислите како се чувствувале на тој „спонтанитет“. Само чудо, или Господ, кој како сака, спречи поголем инцидент.

4. Зарем тоа не им дава за право и Албанците, и другите, да ги запеат своите песни и каде тоа ќе нѐ одведе?

Тоа може многу лесно да се претпостави. Секој национализам го предизвикува другиот, а потоа каде ќе заврши сето тоа – знаеме. И денес некои посакуваат да се повторат сликите од 2001 година или од некои други години кога се соочувавме и се справувавме со такви ситуации.

Сега ВМРО-ДПМНЕ повторно ги провоцира.

5. Се сеќаваме ли како реагиравме кога грчките војници во Солун маршираа и ги пееја нивните националистички песни?

Секако дека се сеќаваме и ги осудувавме. Сега треба само да се соочиме со последиците кога во Грција ќе реагираат на стиховите „сплоти ти егејски со бистри води вардарски“.

Се промовира ли Тошковски во војвода од 21 век што ќе го ослободува Солун? Нека оди да ја пее таа песна тој лично во Солун, а не да поттикнува тука млади момчиња.

6. Дали молчешкум гледаме во цунамито на нацизмот?

Според поголем дел од медиумите, кои како најважна вест го издвоија токму тој дел од настанот во МВР, изгледа дека со молчење, сега засега го гледаме цунамито на нацизмот, пардон, национализмот. Овие прашања заслужуваат одговори за кои треба сериозно да се размисли и да се рационализираат.

Да не биде предоцна утре.

П.С. За волја на вистината, како што дознава Рацин.мк, тој обичај, да се запее песна кога завршува обуката на новите полицајци, се практикувала и досега.

НО, тоа се случувало само откако ќе завршела официјалната церемонија и вон очите на јавноста, кога дел од новите полицајци го спуштале знамето на нивната генерација и тој чин бил придружен со по некоја патриотска песна.

Но, уште едно НО, овој пат, тој обичај го злоупотребиле инсталациите на ВМРО во МВР за да го направат овој опасен скандал и преседан кој треба да се осуди и никогаш да не се повтори.


Тектот е личен став на Авторот, објавен во РАЦИН.МК.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ