ВМРО-ДПМНЕ собра над 65 илјади потписи со кои се бара поништување на законот за попис на населението, пренесува Алсат.
Пратеничката Гордана Силјановска, која ја потпиша иницијативата, рече дека е контроверзен пописот на нерезидентното население, податоците за верска и етничка припадност од страна на роднини на мигранти, но и можноста за вето од страна на заменик- директорот на Заводот за статистика.
Од партијата на Јанко Бачев „Единствена Македонија“ доставија иницијатива до Уставниот суд за блокирање на активностите околу пописот. Тие ги оспоруваат членот 8, став 1, членот 34, алинеја 1 и членот 51.