Според извештајот на Репортери без граници, најмалку 80 се убиени годинава во светот поради нивната работа, и статистички 2018 е најлошата година во однос на насилството и злоупотребата на новинарите, а дополнително 348 новинари биле затворени, 60 држени како заложници.
Извештајот објавен во Берлин покажува дека повеќе од половина убиени новинари се во пет држави: Авганистан, Сирија, Мексико, Јемен и Индија.
Шест новинари годинава страдале во САД, од кои четворица загинале при нападот врз весникот „Капитал Газете“ во Мариленд.
Репортери без граници посочуваат и дека 348 новинари во светот се во затвор, од кој најголем број затворени има во Кина (60), Египет (38), Турција (33), Иран (28) и Саудиска Арабија (28).
Податоците покажуваат дека во последните десет години се убиени 702 новинари.
Репортери без граници посочува дека во 2018 година, 60 новинари се киднапирани, и апелира Обединети нации да воспостават функција на посебен претставник за заштита на новинарите.