• Latest

Во 21 општина победникот ќе се знае уште следната недела – само по двајца кандидати во трката за градоначалник

October 17, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во 21 општина победникот ќе се знае уште следната недела – само по двајца кандидати во трката за градоначалник

October 17, 2025 11:08
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните прв човек на локалната самоуправа ќе добијат уште следната недела. Локалните избори за 80 општини и Градот Скопје се закажани за в недела на 19 октомври.

По двајца кандидати за градоначалници има во:

  • Богданци – Блаже Шапов поддржан од коалицијата на СДСМ и Мајран Пеев од ВМРО-ДПМНЕ,
  • Боговиње – Фети Анази од Влен и Бесник Емши од НАИ,
  • Босилово – Мариче Кармазичева од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ,
  • Валандово – Перо Костадинов од СДСМ и Ѓоко Камчев ВМРО-ДПМНЕ,
  • Василево – Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Ванчо Новоселски од СДСМ,
  • Врапчиште – Мехмет Сефери од Вреди и Исен Шабани од ДУИ,
  • Градско – Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ и Драгослав Симоновиќ од СДСМ,
  • Делчево – Иван Гоцевски од ВМРО‑ДПМНЕ и Дејан Глинџарски поддржан и од СДСМ,
  • Желино – Бјлердим Сејдиу од ВЛЕН и Емир Сулејмани од НАИ,
  • Зрновци – Ванчо Митев од СДСМ и Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ,
  • Карбинци – Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубица Соколовска од СДСМ,
  • Кратово – Влатко Спировски од СДСМ и Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ,
  • Крива Паланка – Сашко Митовски од СДСМ и Оливер Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ,
  • Кривогаштани – Игор Каравилоски од СДСМ и Сашо Граороски од ВМРО-ДПМНЕ,
  • Липково – Неџмедин Садики од ВЛЕН и Еркан Арифи од НАИ,
  • Маврово и Ростуше – Анес Ахмети од СДСМ и Онер Јакупоски од ВМРО-ДПМНЕ,
  • Ново Село – Ѓорѓе Божинов ВМРО-ДПМНЕ и Петар Спасов од СДСМ,
  • Петровец – Борче Митовски од ВМРО-ДПМНЕ и Елизабета Зелениковска од СДСМ,
  • Пласница – Елсан Нурчески од Демократска партија на Турците и Алија Јаоски од НАИ,
  • Теарце – Назим Таипи од НАИ и Даут Мемиши од ВЛЕН,
  • Штип – Иван Јорданов од ВМРО‑ДПМНЕ и Павел Иванов од СДСМ.

Повикувајќи се на изборни анкети и математики, некои експерти и медуими сметаат дека и во други општини би можело изборите да завршат уште во првиот круг, односно да биде избран градоначалник. Советници се бираат во првиот круг освен онаму каде што ќе има повторување на гласовите.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Советници се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Д’Хондтовата формула. Според формулата, вкупниот број гласови добиен за предложените кандидатски листи се дели со низот на делители 1,2,3… сè до бројот на членовите на советот кои се избираат во конкретната општина. Вака добиените количници се редат по големина, при што се земаат предвид оние најголеми количници колку што се избираат членови во советот. Една листа на кандидати добива онолку членови во советот колку што има најголеми количници од оние кои се земени предвид.

Кампањата за вториот круг од изборите започнува веднаш во понедленик на 20 октомври и завршува на 30 октомври на полноќ, а вториот круг на изборите е на 2 ноември.

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ