Авганистанските сили за безбедност уапсија германски државјанин при операција против талибанците во јужната провинција Хелманд.
Локалните власти соопштија дека приведениот маж поседувал документи, кои го идентификуваат како државјанин на Германија. Тој е уапсен со уште двајца осомничени бунтовници во главниот град на провинцијата Хелманд, Лашкар Гах.
Според првичните информации германскито државјанин не учествувал во изработка на бомби.
Тој е уапсен во понеделникот вечерта. Германското Министерство за надворешни работи се уште не го коментира случајот.
Мал број Европејци да се борат на страната на авганистанските талибанци.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.