Амбасадата на САД во Северна Македонија на својот Фејсбук профил упати честитка по повод празникот 2 август – Илинден.
Честит Илинден! Во чест на Илинден, амбасадорот Бирнс денеска положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци на градските гробишта во Бутел. Претставниците на амбасадата, исто така, се приклучија на официјалните церемонии во Крушево и Пелинце во чест на оние кои се бореа за независност, стои во објавата на Амбасадата на САД на Фејсбук.
Д.Мишев