• Latest

Во чиј интерес е проблемот со Избирачкиот список да (не) се реши

August 6, 2019
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Во чиј интерес е проблемот со Избирачкиот список да (не) се реши

August 6, 2019 13:05
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Билјана Јордановска 

од архивата на ЦИВИЛ ( објавено на 19 август, 2018)

Изминува рокот за јавен увид во Избирачкиот список за Референдумот на 30 септември. И повторно истата приказна. Спорни, фантомски, починати гласачи удобно сместени чекаат да дадат свој придонес и да ги поттурнат живите правилно да изберат.

Затоа што за името се работи.

Државната изборна комисија, ни крива ни должна, барем така мисли, отвори список со 1.805.707 гласачи. И ако се јавите кај нив да се побуните зошто ве нема во Избирачкиот список или кои се тие имиња и презимиња на ваша адреса кога никогаш ниту живееле таму, ниту пак некогаш сте слушнале за нив, сосема „легитимно“ ќе ви одговорат обратете се во МВР.

Како ќе завршите работа во МВР, зависи од системот. И ако системот вели дека починатите лица не се починати, дека вие всушност не постоите и дека тоа што не сте се запознале со фантомите е ваш пропуст, а не нивен, на денот на гласање не ви останува ништо друго освен да се борите за сопственото остварување на гласачкото право и цел ден да поминете во будно набљудување случајно да не се појават починатите или фантомите, па фино да се запознаете.

ДИК очекува промени во Избирачкиот список, но не драстични, па и не е многу загрижена дека некој на крај ќе ѝ замери за исходот од Референдумот.

ДИК и до сега лежерно ги прифаќаше тековите на изборните процеси, па затоа никогаш само заштитата на гласачкото право не  беше единствениот проблем.

Проблем беше обуката на ОИК и Избирачките одбори, проблем беше трошењето јавни пари, проблем беше и нетранспарентоста и целосното отсуство на членовите на ДИК во клучни моменти, како и нивната коруптивност. Проблем беше самата стурктура на ДИК, а ништо не упатува дека промените и во составот на ДИК  и во Изборниот законик, нешто ќе придонесат во интерес на граѓаните.

И наместо, граѓаните да излезат на избори или, во овој случај, на Референдум, како да тргнале на некоја свеченост, тие едно неделно попладне ќе поминат во крајниот обид да докажат дека постојат, дека ги има, дека не се умрени или измислени.

Пример, една граѓанка повторно треба да поминува низ истиот процес на губење нерви и убедување, затоа што еднаш избришаните фантоми на претходен изборен процес, повторно се вратиле назад на нејзина адреса? Како еден граѓанин да ги убеди дека неговите фантоми немаат потреба од дополнително фантомско друштво, а синот, жив здрав, прав да се наоѓа на друга адреса? Како друг граѓанин до сега немал никаков проблем, ама еве сега системот на МВР му вели: „Ти не постоиш, тоа со промените на имињата на улиците нема врска, тоа што имаш валидна лична карта издадена од нас, не докажува ништо, едноставно, не си умрен, ама не си ни жив, а нема ни докази дека некој ти го украл идентитетот…“

И проблемот и решението се во институциите. А, не е само МВР и не е само ДИК…

Нивната препорака останува граѓаните да им ја завршат работата, а граѓаните креваат раце од сѐ, лути и револтирани да водат постојано една иста битка на фронт на кој секогаш излегуваат како губитници. Бидејќи, во нивен интерес е да имаме добар Избирачки список и легитимни изборни процеси. Изгледа дека граѓаните се единствените во чиј интерес е да се реши овој долгогодишен проблем.

А државата зависи од граѓаните, со тоа зависи од нивниот глас, од што всушност ќе зависи дали ќе го исполнат ветувањето што го дале – пат кон ЕУ и НАТО, со прифаќање на Спогодбата меѓу Македонија и Грција.

Тогаш, во чиј интерес е енормниот проблем со Избирачкиот список конечно да (не) се реши?

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Share61Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ