• Latest

ДИК бара граѓаните сами да ги проверат податоците во Избирачкиот список

August 11, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДИК бара граѓаните сами да ги проверат податоците во Избирачкиот список

August 11, 2018 10:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август, повика Државната изборна комисија (ДИК) по забелешките во јавноста дека во Избирачкиот список се уште има фантоми, починати лица и други неправилности. Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација.  Единствен начин за да се решат проблемите е постојано ажурирање на Избирачкиот список.

– ДИК во соработка со МВР и со Државниот завод за статистика ќе мора постојано да ги ажурира ваквите промени, а апелираме до граѓаните бидејќи тие најчесто ги прават промените постојано, како менување на брачен статус, пријавување и одјавување во државјанство… тие се појавите што најчесто претставуваат проблем. Лицата имаат законска обврска 15 дена да ја пријават промената, меѓутоа, сите ние вклучувајќи ме и мене и вас не го правиме тоа навремено, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Како што државните органи имаат обврска, така и граѓаните имаат обврска да ги пријават промените, вели тој.

Во однос на некои случаи со повеќе лица на иста адреса, од Комисијата велат дека има постапки што најверојатно се уште е во тек во МВР и дека потоа треба да донесе решение за да може тие лица да бидат отстранети од Избирачкиот список.

Членот на ДИК Јанакие Витановски на седница на Комисијата појасни дека доколку во Избирачкиот список има починати лица членовите на нивното семејство треба да се упатат во подрачните канцеларии на ДИК и со умреница да докажат дека тоа лице е починато за да се тргне од Избирачкиот список. Исто така, укажа има многу граѓани кои не ги смениле своите адреси при промена на живеалиштето, но посочи и на други промени.

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата. До вчера напладне 158 иселеници се пријавиле за изјаснување на референдумот за името во ДКП. Најмногу од нив по 14 се пријавиле во ДКП  во Виена, Лондон, Торонто и Љубљана, додека во Берн, Швајцарија се пријавиле 12 државјани на Република Македонија кои живеат во странство.

Доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата, укажуваат од ДИК. (МИА)

Tags: ДИКизбирачки списокреферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ