поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Во ДУИ, независно од датумот кога изборите ќе се одржат, со право се сигурни дека ќе победат, бидејќи на платните списоци, составени во партиските ограноци, ќе останат нивните гласачи, кои, од буџетот на државата, општините и јавните претпријатиа, од страв да не го изгубат работното место или правото без да одат на работа да примаат плата, заедно со блиските роднини и пријатели, ќе гласаат за партијата.
На тој начин на лидерската средба, лидерот ќе се залага за толку посакуваниот консензус и ниеден “вегетисан” новинар, по излезот од средбата, уште еднаш нема да се осмели да му постави некое политичко прашање.
*
Владата, во која има и членови муслимани, мерките против ширењето на оваа опасна болест, не ги презема за да се заштити себе си, туку сите граѓани во државата. Затоа, ИВЗ без потреба ја убедува Владата дека ќе ги преземат сите заштитни мерки во текот на Бајрамскиот Намаз.