• Latest

Во февруари вакцини од „Фајзер“ и од КОВАКС и грант-договори за набавката од ЕК

January 15, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во февруари вакцини од „Фајзер“ и од КОВАКС и грант-договори за набавката од ЕК

January 15, 2021 09:33
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Првите вакцини „Фајзер“ договорени директно со производителот ќе стигнат во февруари, кога се очекуваат и вакцините преку КОВАКС-системот на Светската здравствена организација. Први ќе се вакцинираат здравствените работници кои ги лекуваат ковид-пациентите, а според планот за имунизација, во приоритетните категории се и луѓето над 70 години, хроничните болни, лицата со посебни потреби во институции и медицински персонал кој е во помал ризик.

Претставничката на СЗО во земјава Џихан Тавила вчера изјави дека вакцините од КОВАКС ќе стигнат наскоро, потребни се многу подготовки, а методологијата е позната, безбедна и ефективна.

– Вакцината прво ќе ја примат приоритетните групи. Согласно со одлуката на Комисијата за заразни болести во земјава и на Владата, тоа ќе бидат здравствените работници, што е случај и со сите други земји во светот. Треба да разберете дека е почнато со заштитата, ќе биде потребно време за таа да биде доволна за сите. Но, можам да ве уверам дека Владата и земјата прават сè за да бидат заштитени сите во земјава, изјави Тавила.

Според неа, не се оправдани оценките дека КОВАКС-механизмот не функционира и рече дека вакцините ќе пристигнат многу скоро.

– Оваа вакцина се користи за итна вакцинација, а не како другите регуларни вакцини кои доаѓаат на пазарот. Тоа значи дека е потребно многу внимателно следење и проучување од страна на Владата, за да се обезбеди дека се применува вистинската вакцина, појасни претставничката на СЗО во земјава.

Министерот Венко Филипче посочи дека дози од вакцините „Фајзер“ се веќе  резервирани и првите ќе стигнат во февруари, а идниот месец се очекуваат  и вакцините преку  КОВАКС.  Подоцна, веројатно, ќе дојдат вакцините од третиот механизам – на Европската комисија (од земји на ЕУ кои ќе ни отстапат од набавените за своите граѓани), затоа што и самите добиле помала количина од планираните.

– Можно е некои од земјите со кои разговараме, а тоа се Австрија, Бугарија, Полска и Грција, да одделат некоја количина од своите, но јасно ни укажуваат дека главен проблем зошто тоа досега не беше направено е во количината што ја добиле. Таа е значајно помала, некаде десетина од планираната за нивните земји, изјави вчера Филипче, додавајќи дека тоа се однесува и на другите држави што не се членки на ЕУ, а кои треба да добијат вакцини од овој солидарен механизам.

Секретаријат за европски прашања вчера соопшти дека директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување, Геновева Луиз Калавера, на видеосостанок инициран од Европската комисија информирала дека и покрај сериозниот недостиг на расположливи дози и за самите земји членки, ЕК останува посветена на обезбедување вакцини за земјите од регионот.

Таа информирала дека ЕК ги завршила подготовките за пренасочување 70 милиони евра ИПА-средства за набавка, за која во наредните три до четири недели до надлежните власти на шесте земји од Западен Балкан ќе бидат доставени грант-договори за покривање на трошоците за вакцините, опрема и потрошен материјал.

Од сите три механизми се очекуваат 2,4 милиона дози за вакцинација на 1,2 милион граѓани. Со 60 отсто опфатеност на населението треба да се постигне колективен имунитет на КОВИД-19.

Филипче очекува дека по февруари дистрибуцијата ќе биде подинамична и нагласи дека сите вакцини кои ќе дојдат во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни.

За лекот „Ивермектин“,  кој од завчера е достапен во аптеките, министерот за здравство апелираше да не се зема на своја рака туку само со препорака и рецепт од лекар.

– Тоа е лек што ја намалува репликацијата на вирусот и не го суплимира имуниот одговор на клетката и, практично, тие резултати се многу бргу видливи после апликацијата, посочи Филипче.

Министерството за здравство  вчера соопшти дека на инфективните одделенија и во ковид-центрите во болниците низ земјава, заедно со Скопје, се хоспитализирани 718 позитивни и сомнителни на КОВИД, а празни болнички кревети има околу 400.

Во дневната статистика вчера беа регистрирани нови 396 случаи и 442 оздравени. Починаа 15 пациенти, најмладиот на 33 години од Гостивар. Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјава достигна 87 986. Активни  се 16 177, од кои 9928 се во главниот град. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ