• Latest
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

Гладот во Газа не е случаен — тој е управуван. Тој е наметнат. А сега, помошта се милитаризира.

July 8, 2025 10:37
in ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ, СТАВОВИ
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Share on FacebookShare on Twitter

А. МАНСУР (псевдоним на писател во Газа)/TRUTHOUT

 

Последниот пат кога се обидов да добијам помош во храна во Газа, скоро умрев.

Беше рано наутро во Рафах, а јас немав јадено како што треба со денови. Се разбудив пред да изгрее сонцето, со болка во стомакот, слабост во телото и се сретнав со мојот пријател Абу Наџи. Планиравме да пешачиме пет километри до зона во близина на ал-Алам — „Знамето,“ како што го нарекуваат луѓето — каде што се шпекулираше дека се дели хуманитарна помош. Се зборуваше дека ќе се отвори во 10:00 часот, а ние бевме доволно очајни за да поверуваме во тоа.

Поминавме покрај уништени згради, бескрајни редици на привремени шатори и бавното движење на други како нас — гладни, исцрпени и надевајќи се на неколку конзерви храна. Сигнавме околу средината на утрото. Немаше никакви знаци. Немаше хуманитарни работници. Немаше вода. Немаше засолниште.

Само илјадници луѓе кои се собираа под окото на израелските надзорни дронови, чекајќи во тишина. Зоната не беше облележана, но луѓето знаеја каде да одат— затоа што тие виделе другите како се обидуваат. И виделе некои од нив како умираат обидувајќи се.

Малку пред пладне, израелските војници испукаа кон небото. Тоа беше сигналот: продолжете напред. Толпата се насобра како еден човек. Немаше организирани редици, немаше дистрибутивни точки — само расфрлани залихи фрлени од камиони или пуштени со падобран. Луѓето се качуваа еден преку друг за да зграбат што можат пред да исчезне. Посакав да бев посилен. Не писател. Не координатор на програма.

Посакав да ги имав мусклуите да се пробијам, да земам мала кутија тестенини или конзерва туна. Но, моето тело е неухрането со месеци. Никој од нас во Газа не е јаден како што треба речиси две години.

Гледав како луѓето се туркаат напред. Видов еден човек кој го познавав како излезе неколку метри надвор од невидливата граница — граница која никој не ја објаснил, која не постоеше на ниту една карта — и беше застрелан во градите. Се струполи на песокот и не се помрдна.

Војниците никогаш не извикуваа предупредувања. Немаше огради. Само муниција во живо што наметнуваше невидливи граници. И глад што наметнуваше ризик.

Се свртев и си заминав. Не добив никаква храна. Но, преживеав. Тоа беше мојот прв и последен пат обидувајќи се да дојдам до хуманитарна помош во Рафах.

Вистината е, она што се нарекува „хуманитарна операција“ во Газа е нешто сосема друго. Не е едноставно прекината. Се користи како оружје. Гладот овде не е случаен — тој е управуван. Тој е наметнат. А сега, се милитаризира.

Таканаречената зона за помош до која пешачевме тој ден не беше управувана од ниту една призната хуманитарна организација. Немаше вработени на ОН или Црвената полумесечина. Наместо тоа, операцијата беше поврзана со субјект што се нарекуваше себеси Хуманитарна фондација за Газа (ХФГ). Според адвокатите и групите за набљудување во Швајцарија, ХФГ нема медицински или хуманитарен персонал на терен. Наместо тоа, истата е здружена со приватна фирма за обезбедување поврзана со САД наречена „Сејф рич солушенс“. Оваа компанија не е составена од хуманитарни работници — таа е составена од изведувачи. Поранешни американски воени, разузнавачки офицери и аналитичари на податоци, од кои многумина заработуваат до 1.000 американски долари дневно. Некои се распоредени во самите зони каде што цивили како мене одат да соберат помош. Нивната вистинска работа не е само „безбедност“.

Според истрагите на „ТРИАЛ Интернешнл“ и Алијансата на адвокати за Палестина, изведувачите на ХФГ имаат задача да собираат визуелни и бихејвиорални разузнавачки информации за Палестинците. Тие користат квадкоптери и дронови за набљудување за да ги следат движењата на луѓето, да ги скенираат нивните лица и да го мониторираат нивното однесување — градејќи профили со надеж дека ќе идентификуваат „цели“. Во процесот, луѓето умираат.

Стотици Палестинци се убиени обидувајќи се да стигнат до помош, додека илјадници други се повредени, а неколку други сé уште се исчезнати.

Ова не се несреќи. Ова не е лошо планирање. Ова е систем што ги претвора храната и стравот во оружје во исто време. Оној што ве поканува да го ризикувате животот за вреќа брашно — а потоа ве убива кога ќе зачекорите во погрешен правец. Ова е систем каде што секое гладно дете станува потенцијална точка на податоци. Каде што секоја баба во редица за храна е скенирана од небото. Каде што секој израз на лицето би можел да ве стави на список за убивање.

Уште полошо е што овие организации се невидливи за поголем дел од светот. На странските новинари не им е дозволен влез во Газа речиси 20 месеци. Израел има убиено повеќе од 200 палестински новинари и одбиено илјадници барања за визи од меѓународни медиуми. Она што го има Газа се само фиктивни организации кои се преклопуваат со нејасни одговорности и нулта отчетност. ХФГ, и покрај тоа што се претставува како швајцарска хуманитарна група, е регистрирана и во САД. Неколку швајцарски адвокати имаат поднесено правни тужби барајќи истраги за непрофитниот статус на групата и нејзините врски со милитаризирани операции. Во меѓувреме, други актери — како Натан Мук, поранешен извршен директор на „Светска централна кујна“ — се појавија во паралелни напори поврзани со проекти како што е пловечкото пристаниште на САД и субјекти како Фондацијата за поморска хуманитарна помош, кои исто така работат без јасен надзор.

Во неодамнешно интервју на Си-Ен-Ен Турк, поранешен помошник државен секретар на САД ја опиша состојбата во Газа како состојба каде што „луѓето се заложници“. Тоа не беше грешка од невнимание. Тоа беше политика. Кога храната станува мамка, цивилите стануваат адут за спогодување. И како што новинарката Раша Набил одговори во текот на истото интервју, „Ова е неправда. Светот стана џунгла“.

Израел продолжува да го оправдува својот воен напад како мисија за враќање на заложниците. Но, за повеќето од нас во Газа, тоа оправдување се чувствува како сурова илузија. Војната трае повеќе од една година и осум месеци. Болниците се срамнети со земја. Населбите се избришани. Нашите водоводни системи се бомбардирани. Некои Палестинци, очајни за каков било крај на насилството, повикаа на ослободување на израелските заробеници —безусловно — надевајќи се дека тоа би можело да го одземе последниот изговор на Израел за неговата брутална кампања. Но, тој очај само ја открива поделбата меѓу цивилите и политичките фракции кои тврдат дека зборуваат во нивно име. За Хамас, заложниците се адут за спогодување. Но, за Израел, луѓето од Газа се исти.

Не го поддржувам Хамас. Не поддржувам ниту една група што си игра со животи. Но, исто така, не поддржувам ниту систем каде што меѓународната помош е уред за следење. Каде што помошта ја делат луѓе со оружје и дронови. Каде што смртта и податоците се доставуваат во истиот пакет.

Помошта никогаш не смее да биде оружје. Никогаш не смее да биде мамка. Никогаш не смее да биде алатка за казнување на окупиран народ. Хуманитарната помош мора да се врати во рацете на вистинските хуманитарни организации — неутрални, транспарентни и заштитени со меѓународното право. Приватните воени изведувачи немаат место во нашата глад. Владите што ги финансираат или поддржуваат истите — вклучувајќи ги САД и Швајцарија — мора да ги истражат системите што тие помогнале да ги изградат и животите што тие помогнале да се уништат.

Ние не сме бројки. Ние не сме „ризици“. Ние не сме непријателски цели затоа што сме гладни. Ние сме луѓе — кои тагуваат, кои се скршени, кои преживуваат — а светот гледа како сме изгладнети, застрелани и претворени во податоци.

И понекогаш, гледа во тишина.

превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ