Поморски суд во Грција покрена обвинение против 17 крајбрежни стражари за најсмртоносната несреќа со мигрантски бродови во Средоземното Море во последната деценија, пренесува Би-би-си.
Се стравува дека до 650 луѓе се удавиле кога преполниот рибарски брод Адријана потонал во близина на Пилос, крај грчкиот брег, во раните утрински часови на 14 јуни 2023 година.
Преживеаните подоцна изјавија за Би-Би-Си дека грчката крајбрежна стража предизвикала нивниот брод да се преврти во неуспешен обид да го влече, а потоа ги замолчила сведоците.
„Ни требаа две години само за да се појават овие обвиненија, иако толку многу луѓе беа сведоци на тоа што се случи“, рече еден од преживеаните.
Грчките власти отсекогаш ги негирале тврдењата против нив.
М. Д.