Книгата на жалост по повод смртта на Кралицата Елизабета II во Британската амбасада Скопје, која беше отворена во петок, на 9 септември ќе биде достапна до четврток, 15 септември од 10.30 до 14.00 часот.
Сочувство за смртта на Кралицата може да се изрази и на веб-страницата на Бакингемската палата – www.royal.uk
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, германската амбасадорка Анке Холштајн, Амбасадор на ЕУ Дејвид Гир, претставници на дипломатскиот кор во земјава, членови на граѓански организации, компании и институции како и голем број граѓан(ки)и се меѓу потпишаните.Во книгата на жалост пораки на сочуство испратија и претставници на Цивил -Центар за слобода.
Д.Мишев