По вториот круг на Локалните избори 2021, ги анализираме гласовите во 11 поголеми општини во Македонија, односно оние каде што излегоа да гласаат над 15 илјади избирачи, како и гласовите во уште 10 поголеми општини, каде што градоначалник беше избран во првиот круг.
Квантитативната анализа на резултатите во поголемите општини покажува дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во 12 од 21 поголема општина каде што излегоа над 15 илјади гласачи, пишува Жарко Трајановски во анализата Кој победи во најголемите општини на Локалните избори 2021?
Заклучоци од квантитативната анализа во поголемите општини
Од квантитативната анализа за тоа кој победи во поголемите општини во Македонија, може да се извлечат следните заклучоци:
- Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во 12 општини каде што излегоа над 15 илјади гласачи (3 во втор круг, 9 во прв круг).
- Кандидатите на ДУИ победија во 3 поголеми општини (сите во втор круг).
- Кандидатите на СДСМ победија во 2 поголеми општини (една во прв круг, една во втор круг).
- Во по една поголема општина победија кандидатите на АА/А, БЕСА и ГРОМ (сите во втор круг) и независниот кандидат Максим Димитриевски, кој победи во вториот круг во Куманово.
- Независна кандидатка, со поддршка на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-АА/А, но и Левица, победи во вториот круг и во Град Скопје (видете ја посебната анализа Што покажуваат резултатите на локалните избори во Скопје?).